обуе св.
обуен прид.

обуе (св.)

Ама сто пати сум ти рекол, отворај очи кога ми обуваш чевли, фати ги убаво, со дикат, за топуци, а ти, трап, одозгора! Тоа ли е ред?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
— Нејсе, — вели дедот Петко. — Дури да и нараниме маските, да се обујме, да се замиеме образ, па шо се вели, дури да поручаме, и времето ќе дојде за одење.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
И затоа Митра се „поткршна"; си обу нови калци, нови чорапи, опаша нова фута, си го врза кадифеното гушалче; ресениот ќилим го префрли преку глава, ги растресе цулувците, ги поначешла кркмите и отпред дојде променета, макар кошулата да не ја смени.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Крчо си затера свој живот. Со платичката од шеесет лева месечно се облече „по френски", се обу со офицерски чизми, та дури имаше пари да и купува, сега слободно, на Нешка што сакаше.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа утро Никола стана рано... Си ги обу сините потури7), ги навре чевлите, го облече црвениот со срма опточен елек и ѝ викна на Султана: - Султано!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Трајче ги обу шиените штавени жолти опинци, се поздрави со чичко Талета, го јавна коњчето и тргна...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Му го собу чорапот, му ја изми раната, ја намачка со јод, ја преврза со завој и му го обу опинокот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Брзо се обу. Мајка му му потури да се мие.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Боси биле. Нозете им премрзнале. Немале што да обујат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Натпревар на спанковците На париските часовници веќе е седум но Жан Жак не сака да стане, да се обува, да се мие. Жан Жак во ова утро главата под јорган ја крие.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
- Ни за иљач, - рече Котевица, - Кој обул чевел та на боја да мисли, туку да побарам.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Шута, целата сум исшутена, не знам што да правам. Не знам што да облечам, што да обујам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Беше обул едни нафиксани кондури и тропка по камењето. А кондурите светат. Огледало.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Излегува мајка од дома: обула некои влечки набосо, ја врзала шамијата под гуша, и речиси, од место подлетнува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Обува нараквици и само зборува, ми кажува, ми го зема вниманието.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си облеков чиста маица, и патики обув, и брзаница излегов, да не би мама да се премисли.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ги повика селаните да му ги направат сите адети, и тие му ги направија: го избричија, го измија, го облекоа во нови алишта, му обуја нови чевли. И го ставија во ковчегот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го носи истото капче од кучешка кожа, а имитирајќи ја газдарицата Хера, стави и елече од кучешка кожа, обу и чизми и внатре забоде камшик со кој плуска кога го дресира или кога сака да го смири, да му оди по волја.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Ѝ носат, и не носат - сѐ така се расправаа, најнакрај Мими сепак попушти и мама Злата ѝ ги обу чорапчињата и сандалките, напоменувајќи: - Да знаеш, ова е вака само денес - затоа што ти е прв ден!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Мамо, и јас ќе појдам со вас, барем со училишниот двор“, замоли Влатко, ама одговор не можеше да добие, затоа што Мими беше многу возбудена и во мигот даваше отпор - нејќеше да ги обуе белите чорапчиња, лутејќи се дека е топло, дури жешко и може да се оди со боси стапала во сандали.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК