оздола прил.

оздола (прил.)

Како нарачана оздола се зададе брачеда му Тода — Маловата помала невеста, на која Рожденката беше ѝ го открила пропаднатиот план и со која Неда многу добро се спријатели.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога доаѓаа лустерот си беше на своето место: а оздола не можеше ништо да се види.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На скелињата почнаа весело да се довикнуваат, кога ја видоа колата, што се подаде оздола по сокакот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оздола живее оној Крстин шлакнатиот, како што знаеја, што се ожени за Зојка од Брезница.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Тоа е Белуш“ - си помисли Бојан. - „Сигурно не ме заборавил!“ и слободно чекореше кон колибата, иако оздола, откај трлото кучињата настрвено тргнаа кон него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оздола од патот го здогледаа сењакот на Алекса Ѕвездин па се поколебаа дали да се засолнат под него, ама сфатија дека сега веќе кога се живо топило, а на неколку чекори од дома, нема смисла да се задржуваат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од оздола се зададе човек со нарамник мисериште. Него ќе го запрат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Си го пече Полин лицето на сонцето, а луѓето му брмчат оздола како оси: „Полине, метлата на Аранѓел фати по луѓето...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го врзав, оздола, за една перка од колцето. Кај што истекува водата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гледам во гумното, а оздола од под куќа, ете го Јон, човекот мој. Наближува и се смее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ете го, оздола, Доксим Тренчески и оди по гумната, по вравовите и раскажува: - Чув, вели Доксим Тренчески, дека војниците умирале ко риби во пресушена река.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оздола вода, а озгора кашав снег.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оздола нешто почна да ме засмрдува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме поткосува нешто оздола, ми се завртеа ѕидовите, што се вели, бршленот, живата ограда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги осети оздола кучињата и терачите, скршна настрана, излезе од трапот и зафати накосо да бега.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Најпосле Петре го врза јажето за тргање на камбаната оздола и ја одвитка крпата со која беше завиткано клепалото за да не удри камбаната на празно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Децата вџашено гледаат оздола и чекаат што ќе биде.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Тогаш, на последниот премин од растроениот свет на јавето во безмерното царство на Хипнос, тоа чуствува како оздола, од топлата влажна поетова дланка надоаѓаат широки бранови сомилост и пријателска благодарност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сега на покривот, над истиот оној празен простор, стои човеков што тогаш беше дете и тогаш гледаше оздола со отворени зеници и запрен здив кон височината што му се чинеше недосеглива, кон работ на покривите; стоеше сега поднаведнат а сепак достатно задржан од железата околу рацете, затегнати со сигурност над таа улична празнина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Околу е измачкана со кал, а оздола има неколку штици колку да не се гази на земја.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Повеќе