освои св.

освои (св.)

Со народниот јазик ние ја освојуваме психологијата на нашите татковци и предедовци и стануваме нивни духовни наследници, како што сме со снагата нивни телесни продолжувачи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бригадата на Мечета беше тврдо решена во овие последни денови да го освои знамето.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Па, како тогаш ќе го освоиме знамето?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Митра пак, ја намириса работата, та и таа почна како Доста и така „браче Трајко" стана предмет за освојување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Другиот ја дувна бубалката од показалецот и продолжи: „Се лутевте што сум освоил туѓа жена.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ти патиш од оригиналност со која се обидуваш да ги освоиш луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Уште со првите зборови ги освојуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Освојуваше чекор по чекор од таа белина и тоа сега никој не можеше да му го расипе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не очекуваше да го најде во ниедна од тие зглопки, што ги освои толку внимателно; па сепак, и не мислејќи, тој го правеше сето она, што требаше да биде сторено кога се оди на еден вака голем лов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Просторот на земјата, што ја бранеа, не беше поширок од десетина километри, државата беше капитулирана, додека тие ја освојуваа Албанија, сѐ дури некој не им јави дека Германците се наоѓаат веќе во нивните касарни во гратчето, каде што беше нивниот гарнизон.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се точкаа во долги редици, во синџири, идеа од сите страни, се сливаа во селото како војска на боиште: ги исполнија дворовите, бавчите, куќите; се качуваа по дрвјата, по ѕидовите, влегуваа во одаите, крстосуваа низ нив, се провираа низ цеповите на вратите и прозорците и го освојуваа секое местенце и делче од просторот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од врата кога ќе влезев во училницата каде што вежбавме не можев да не ја забележам искрената широка насмевка на лицето на Вера, со која ги освојуваше сите деца, скоро без исклучок, како и со топлиот спокоен глас, со срдечноста, со присноста, со топлината во очите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ги видов како ги освојуваат горите, бескрајните ѕидови на морето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во времето кога Наполеон ја освојува Европа, со својата армада навлегол и во Келн.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овој град сиот е расположен во приодите кон морето, на оние места каде што било порано море, а чија вода работливите холанѓани ја повлекле кон морската шир, освојувајќи нови површини за градови, полиња и оранжерии за цвеќиња...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Македонските војници, млади селани-партизани, во есента 1944-та, јуришаа по голините за да ги освојат нивните утврдувања, а тие, откако ќе ги пуштеа блиску до себе, ги косеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Проучувајќи ги луѓето, го констатира следното: оние луѓе што прават долги чекори - се сигурни во себе, цврсти, решителни, енергични; таа сигурност им дава полетност, ги тера бргу да одат, да го грабат патот, да го освојат просторот, да стасаат што побргу до целта каде што тргнале;
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Бездруго дека далеку повеќе сум слушал од него отколку што тој прочитал мои текстови, иако знаев дека со себе, во внатрешниот џеб на кожената виндјакна, носи книшка од цариграскиот поет Дагларџа и понекогаш ја прелистува и ми преведува стихови што го освоиле.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пред војната три пати го освојувала првото место на виолина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
таму се и убиените Јане Крстин и Пеце Дановски, обајцата синооки и високи меѓу дрвја, загинале, биле закопани, станале да докажат дека никогаш не биле покосени од пушка: таму е и Круме Арсов со црвено брадиче и во светечка одежда, пиел крушова ракија и горел, се родил од пепел да нѐ најде и да ни каже со каква љубов човекот може да го освои светов, тој или Неделко Шијак, или обајцата со кренати раце кон млечниот поток на ѕвездите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе