паун (м.)

И мравките насетуваа дека ќе се случи - први почнаа птиците, пауните, папагалите, златните фазани, потоа се јавија волците и лавовите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зад челична мрежа, најверојатно за да ги заштитат од мене, седат во ист ред сведоците: ученичката во црн сатен, онаа танка скоро проѕирна жена што бездруго ќе се откажува од мене колнејќи се дека сме биле во брак, оној што еднаш го сечев под струјомерот (сиот е во превивки и под долги фластери), оној друг што остана да лежи со крваво теме во царството на пауните и тревите, двајца што еднаш ја откопуваа од подот Неговата слика.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ми се загледа в очи и со крик што не беше посилен од криците на пауните се потпре со грб на полусува црвенолисна бреза, стана стебло, побрза да пушти жили во земјата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Употребени се сите градежни материјали со кои се располагало за што подобро да се истакнат шарките и украсите на куќата, да се уочи бордурата, фризот, симсот под стреата, цолбанките над прозорците и вратите што претставуваат прекрасна орнаментика, вез, разграната лоза, муренкови лисја, трендафили, леси, плетенки дворедни, троредни, гулаби доближани со клуновите, пауни, еленчиња, риби, сонце.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Цвичат релсите, ко пауни во зоолошка градина, запира возот, но луѓето не запираат да се тресат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зад челична мрежа, најверојатно за да ги заштитат од мене, седат во ист ред сведоците: ученичката во црн сатен, онаа танка скоро проѕирна жена што бездруго ќе се откажува од мене колнејќи се дека сме биле во брак, оној што еднаш го сечев под струјомерот (сиот е во превивки и под долги фластери), оној друг што остана да лежи со крваво теме во царството на пауните и тревите, двајца што еднаш ја откопчуваа од подот Неговата слика.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И мравките насетуваа дека ќе се случи - први почнаа птиците, пауните, папагалите и златните фазани, потоа се јавија волците и лавовите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но ако бил повеќе загрижен за коњите, 'ртовите, пауните и билбилите во сарајот со мраморни шадрвани, слушал меланхолична песна на една од своите пребели жени и ги заборавал човечките патила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Постојаното ѕвонење на камбаната, ги возбудуваше и птиците кои кружеа над манастирот и кричеа, ги возбудуваше и пауните во дворот кои постојано испуштаа гласови, силни, пискливи; и добитокот рикаше во шталите, блееја овците - се чинеше секоја живинка се радува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И што јаде, со што ја полни утробата? Лапа птици: чапли, дроплички, пауни, и крка животни: јазовци, диви јарчишта, пци, и гладно е за човечки жили и коски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пауните пикнати под сенките на смоквите во дворот, се довикуваа гласно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Татко ми на радиото во облик на паун, на кратките бранови, ја бараше својата радиостаница.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зад мене беше Манастирот Свети Наум во Македонија, врз чиј црвен ќерамиден покрив шеташе гордо паун со раширени крилја со сите бои на божилакот, надополнувајќи ја убавината на библискиот пејзаж.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во таа помисла наоѓав нешто херојско: сакав да станам и да ѝ кажам на Луција, која сѐ така со сведнат поглед седеше на полјанката со своите другарки, додека Фискултурецот како паун ги покажуваше своите пердуви, пеејќи и играјќи; сакав да ѝ кажам: „Луцијо, еве, јас си одам“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш влезе Фискултурецот во игра; беше накострешен, како паун, како онојпат кога пееше во Стоби; праша: „Што ви значи потписот на есејот, Соломон-909?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Слеговме во Стоби; тој ме држеше за рака; немаше во тој допир ништо сексуално, ништо еротско; ме држеше како да е светец и како да сака да ме воведе во света тајна; одевме, и набргу се најдовме на местото каде тој се имаше опиено, пред толку години, на екскурзијата, крај мозаикот со паунот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На друг му претскажа оти по неколку години ќе му никнат златни пердуви како на паун и тој ќе се чувствува како паун, но дека еден ден пердувите ќе му паднат и оти тој ќе остане како голуждрово пиле.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Беше некако охрабрен па го пушташе посилно гласот од радиото во форма на паун.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Слушавме од радиото во форма на паун албан­ски песни проникнати со ритамот на кинеските најчесто револуционерни песни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Едно утро, нѐ разбуди гласот на радиото, во форма на паун, коешто Татко го донесе уште од Цариград и го носеше со себе при сите преселби.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК