позелени св.

позелени (св.)

Ме најде пред гимназијата и позелене.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Ако треба може и да се биеме.“ „Тогаш да се биеме“, рече тој и уште повеќе позелене; ненадејно штукање што почна ритмички да му се кине од грло, му ги наполни очите со крв и страв, со некаква влага исто толку многубројна колку и кошулата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Татко му на Бузо позелене и зајадливо дофрли: „Ха, копилиња посинуваш! Малку ти се твоине.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Денеска Васе дотрча дома возбудено и исплашен. - Аух, - рече целиот позеленет. - Отидовме! ... - Како? Зошто? - се вапцав и јас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Таа се збуни. „Зошто?” праша. „Ќе ти биде маж”. Девица позелене и падна во несвест.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се згрчи позеленет и зграпчи поголем камен на кој пред тоа се потпираше со едниот опинок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)