поткажувач м.

поткажувач (м.)

— Не плаши се, чедо мое, вели, ние не сме поткажувачи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме сметаше за потскажувач, за мал пакосник што гледа во него виновник за несреќите на патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можеше да има поткажувачи помеѓу козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа беше изум со чија помош секој беше деноноќно опколен од поткажувачи кои добро го познаваат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Друго не знаеја, оти во последно време мрежата на селски поткажувачи се распадна – некој ги пробил базите на податоци во Министерството, им кажаа, и се слушаше дека почнале да ги ликвидираат, еден по еден.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Работното место на Гоше, всушност, му беше подарено или, со оглед на околностите, тоа беше измислено за него, како благодарност за она што се нарекува минат труд, за неговиот влог во соработката со тајните служби за безбедност - поткажувач од посебен агол на гледање и слушање, регистратор по хоризонтала, без толкувања, и со јасно означен радиус: во кругот на Противпожарната единица за руралните средини околу Метрополата, формирана под покровителство на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Знае дека во единицата има поткажувачи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)