презре (св.)

Но ти опасноста ја презре, и во пресрет, диво, на болниот му летна знак. . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Расплетувајќи долги коси, врз нив тури пепел: го презре својот убав лик.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се роди меѓу робје и тирани и ги презре и робјето и тираните.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо немаше сили да ги презре своите деветнаесет години за да помогне со своето жртвување да се најде смислата на вистинската среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И уште повеќе ги презреа и ги замразија Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оти кажано е: кога гордоста ја почитуваш, таа кон тебе свирепа е и сурова, а ако само собереш сила да ја презреш, ќе ја скротиш. Но јас сила таква да му се спротивставам – немав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Белки не мислите да го презрете мислењето кое низ вековите стекнало широка прифатеност?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И кој нема да ѝ се восхитува на моќта на нејзината морална индигнација, на праведноста со која ја отфрла ќерка си што ја презрела и што ја отфрлила нејзината искрена и изнапатена љубов?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)