пресолен прид.

пресолен (прид.)

Се редат муабети за Доста, се срамнува со другите невести и моми, се пуштаа по некој и друг комплименти, некои пристојни, други пресолени, како од Мариовци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вашата милост тогаш ги искла селските кози и и ги затна грчмаците на сиромаштијата со пресолена пастрма.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А кога почнале да товарат во запрегите торби, дисаги и вреќи од испосошиени ненужни крпишта, кога се видело дека на пат се носи пченкарно брашно, пресуво, преслабо и пресолено козјо месо, низи кромид, лук и пиперки, сирење, малку помеко од камен, изварка, сол, ракија, суви овошки и којзнае што, и другите освен старците знаеле дека сѐ е пресметано од порано - сиромаштијата не е без разум и кога е без леб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Биле вешти занаетчии: за малку леб од вршник, варен компир, изварка со лути пиперки или пресолена пастрма, ги прекројувале нагнилите куќни покриви, ваделе за две деца беневречиња од стари таткови или дедови тулуми од тежок валавичарски шајак, крпеле или делкале нови каци, крбла, корита.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се симнав по скалите преку друга соба без прозорец со парчиња пресолена пастрма, што висеа од таванот и излегов да го слушнам разговорот на двајцата што се качиле до Лесново со трет од дружината што ги пречека.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На заточениците им било забрането да излегуваат од затворските соби заради перење на облека; не им била давана помошта што доаѓала од дома, а не им била праќана и поштата наменета за нивните домашни; им бил даван пресолен леб, а не им било дозволено да пијат чиста вода; им била скратувана лекарската помош и друго.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Членовите на комисиите, како бабата на Хандке, долго, долго ги бришат своите прсти од престилката откако ќе ја стокмат манџата од сите можни елементи што ја чинат невкусна, всушност, пресолена или презакиселена.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)