пркоси несв.

пркоси (несв.)

Се запопував и се распопував, пиев и живеев како посник, пркосев и бев малечок. Сега е доста.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Им пркосеше и на наставниците - не сакаше да одговара кога ќе ја прашаа, се држеше недисциплинирано.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И така, во намисувања за деновите на пониженост и миговите на гордост заради тоа што се успеало да се опстане и да се пркоси на сѐ што било туѓо, немило и недраго, омразено и мрачно и што било судбина натурена со туѓа рака и волја, си тече животот во тесната котлинка меѓу коњушниците, подгниените бараки, трите казани, прашливото џаде, камионите што двапати на ден пренесуваат ранети и оздравеници, лелеците и тажалките, полудените, падавичарите и црневицата расплакана, болна од чемери и исчекување.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Луцифер, на пример, му пркоси на семејниот авторитет воведувајќи нова технологија која ги охрабрува некои од членовите на генскиот пул да го напуштат семејното гнездо.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На суво се смируваше, но и тука колку што можеше пркосеше, стоеше цврсто.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се садеше што не се посадило, или се додаваше на тоа што веќе беше посадено - уште некоја леа пипер, четири реда патлиџан, два трапа барбуња, едно парче големо колку да се растркала магаре, крастајчиња, блиску пред куќата жените ги садеа или ги пренесуваа веќе порано посадените џунџулиња, пркоси, париња, сивци, гербери.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А и неговата тишина ја немаше, онаа по која некогаш се разликуваше од другите, она автентично, индивидуализирано отсуство на зборови, кое пркоси на нивното стандардно користење - безличносното ломотење.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Таму го чекаше бестелесноста со која требаше да се соедини, за да ѝ пркоси на гравитацијата, за која знаеше дека ако еднаш ѝ се спротивстави, потоа секогаш ќе може да лебди во идеално бестежинска состојба.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Овде е пострашно од пеколот на Данте со векови реки се полнат од плач но пирејот повторно расте и расте попусто го корнат им пркоси пак
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Над влезната порта венче од детски солзи му пркоси на законот на гравитацијата среде бело венче ѕвони бело ѕвонче бели коњи со распавтани бели сни и занданите имаат облик - бела ѕвезда бело насмеана со опашка од бела роза бели галежи на бела свила од првата ноќ до последната бела виделина бел садник од рози во срцето - осаменоста ја скорива љубовта гнетот го скорива гневот бело варосани ѕидови во нив светлината жртва заѕидана врела голтка запрена среде суво грло и смртта тука имала бела боја и многу сакала да гушка листиња од црвени рози.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
На Бог му пркосат, клеветат и мамат горделиви среброљупци со суети полни грабаат плодови и шејтанот го слават болни од алчност, подмолни и злобни Вавилонци бдеат над мрачното небо морално да нѐ осакатат и збришат но пирејот нема намера да згасне Господ го создал да живее вечно
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Но големите места ни пркосат И нѐ поразуваат.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Таквите иронични преупотреби на мелодрамата не ги оспоруваат казнените осуди од елитното општество на тој неугледен поджанр, туку свесно ги прифаќаат, а на нужно претераната изведба на чувствата што се сметаат за патетични ѝ го навлекуваат општествениот презир на кој таквите изведби и му пркосат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)