пропаѓа несв.

пропаѓа (несв.)

Затоа дијалектичкиот материјализам е единствена напредна филозофија на денешнината, додека сите варијации на идеализмот потем Хегел се само идеологија на општествените слоеви што пропаѓаат.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Не се гледаше низ тревата, но нозете им шлапкаа и им пропаѓаше речиси целата стапалка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Наеднаш почна да пропаѓаат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ајде жити вера, да не правит беља на селото, та царот не пропаѓат од еден, два, десет, педесет и сто пезевенци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како сите порои да минуваат низ ова село, кај и да стапнеш пропаѓаш до коленици во густа леплива смола.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Замира на запад бледата светлост: тоа сонцето пропаѓа во длабок сон пред студената приквечерина. Но до темнината е долго.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Продолжив да ги сечам насреде и ги доисеков; од половина нагоре пропаѓаа додека нозете продолжија да чекорат. Но само така ми се стори.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Чувствувам како се кине и пропаѓа сѐ во мене...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сам гледа - занаетот шивачки пропаѓа во вода.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега беше многу потешко да се чекори, при секое пречекорување пропаѓаше до половината во тој мек снег, беше заздишан само по првите стотина чекори, но тоа беа правилата на таа игра и она, што можеше досега да оди по дирата, беше само една олеснителна околност за него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чудно се чувствува Малинка. Стои. Ѝ се чини дека пропаѓа в земја.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Неговото алчно срце пукаше од мака при помислата дека маслинките пропаѓаат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Пропаѓајќи до градите во снегот, валкајќи се, помагајќи се со пушката, со стапот, Бојан можеби измина дваесетина метри по угорницата, каде што под снегот требаше да биде патчето што водеше кон Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Жив в земи не се влева! — се искажа селскиот работник Тоше и тој отепан од судбината што го постигна после пропаѓањето на бунтот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бегаше почесто в град, купуваше пијалоци сѐ додека не го фати маларијата; идеше лекар од компанијата, го лечеше, но ништо не помагаше; Анастас сѐ повеќе и повеќе пропаѓаше...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И состојбата на пропаѓање продолжува.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЈАКОВ: Пропаѓа светот од честити и лојални граѓани.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Постојано и постојано пропаѓате. Во истите дупки. На ист начин. Повторно и повторно. Упорно и тврдоглаво.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Одвај ја досигнав, зашто ми пропаѓаа нозете во јорганите и перниците од креветот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Познато е дека Истанбул е милионски град, со вонредно живописна панорама, со море кое завлегло во неговите пазуви, што широки и тесни улички и сокаци со мермерни куќи и облакодери и со дрвени куќарки, град кој лежи на два континента, каде што најрелјефно се оцртале европското и ориентот, град со џамии и цркви и еврејски синагоги, сараите на турските падишаси и султани, со споменици на едно блескаво богатство, на еден раскош и пропаѓање на една петвековна империја, која ја докрајчил стариот и изнемоштен старец - султанот Решад...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе