просјак м.

просјак (м.)

Слушајки го чрчорот птичји што достига довде, целиот пролетен брбор — На гусла двоструна свирејќи, покрај патот седнал, го пее ова просјак сед; а јас, пак, прост запишувач, минејќи тука еднаш го запишав од ред до ред.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Малечките балкански државички без церемонија ќе ги земат во свои раце сите доходи од завојуваните делови на Македонија, а Македонците ќе се обрнат во просјаци, откако ќе си ги загубат првин своите национални особини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Ти си просјак. Како смееш да ме лажеш дека Том Соер е Карта, Порта и Аранија?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пенчо направи тажно лице и како просјак застенка без врска со прашањето: рече дека нема ни татко ни мајка. дека е гладен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Илјада и една ноќ, Робинзон Крусо, Гуливеровото патување, Кожната Чорапа, Винету, Кралчето и просјакот, Сината птица... - Ги имаш тие книги? Не, искрено призав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И јас ти расправав видена пантомима за просјак што се гасне од глад и со последна надеж лови под мостовите на Сена.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Виде лепливи, млечнобели дланки на полуголи и голи мадони, набабрени дојки од модро млеко, глиненоокерни, сиви, лигави скитници, колари, просјаци, снобови со гладни челусти, гладни грла, гладни очи, и беспризорни, и безработници, и провалници.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И слушаме: во градот има многу просјаци и има многу црни војници, со обетки на ушите и на носот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како пред него да беа сите оние порочни грозоморници од времето на некој негов кој знае кој и каков дедо што со браќата донесол од прекусвет, од некој град на Турција, проказа, порочни грозоморници: сипаничави измамници со преостри ноженца под антериите, грешни старци со мирис на лој во брадите и момчаци со навики по кои лудуваа тие старци, цицачи и голтачи на ашиш, просјаци што ноќе стануваат убијци за дупнат грош, играчи со зарчиња, продавачи на деца и крстени девојки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Преку ноќ биле обесени црниот просјак и крадец Циганот Рамо и православниот арамија Невенко од кого пропиштело сѐ живо, некрстено и крстено.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со пари и во дрипава облека како просјак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доверливо му пришепнале на попот дека бригадата ќе почне да го чисти со огнена метла градот, од сивите германски касарни на Кале кон плоштадот под камениот вардарски мост, којзнае од кој ден запоседнуван од лажно сакати просјаци и секакви измамници и безработници со очи на кондори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тоа време гравитиравме околу Галерија 7 - која беше главно собиралиште на сите анархисти, параноици, SF-фрикови, луди поети, софистицирани криминалци, дегенерирани академци, филозофични еснафи, локални мутанти, несфатени педери и лезбејки, дрогераши, идни министри, префинети заводнички, евтини проститутки, агенти на CIA, опозициони заговорници, шизофрени мистици, подздебелени циници, фантомизирани кавгаџии, трговци на ситно, дилери со дрога, забегани научници, еротизирани тинејџерки, егоцентрични рокери и турбулентни панкери, кодоши на Удба, просјаци и по некоја заскитана кокошка од соседниот двор. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 24
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
За разлика од бомбата наменета за гимназијалците, во меѓуетничкиот конфликт на почетокот од милениумот, оваа бомба не остави последици од типот на починат просјак (кој скапо го плати пребарувањето по училишниот контејнер) и осакатена продавачка (која малку поевтино ја плати близината на пренхранбената продавница до училиштето).
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Вниманието ми го освојува мало просјаче (не повеќе од пет години) кое успешно му бега на еден несмасен полицаец правејќи кругови околу штотуку поставената бронзена скулптура на просјак.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Постојат знаења кои не се знаења Земјата кружи околу Сонцето (а не обратно!) Спорот одамна е решен но оската сѐ уште е замислена Денот на љубовта е празник на календарот но празникот е работен ден за просјаците (во дланките им спијат неостварени соништа и сеќавања на допири со украдени сладоледи) * Запис со непознато потекло
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Залудно се обидувам да го направам незабележливо она што се случува околу мене: дебели полицајци ги вадат пендреците и растеруваат група од петнаесетина просјаци што се обидуваат да дојдат до ситна паричка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Колку просјаци има пред црквите кои молат за 10 денара кога пред нив се паркираат високобуџетни климатизирани џипови од најнова марка - му рече Метакот на свештеникот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Стојам како изгубен просјак во замокот ти дојде да бидеш последна слика во мене а потем во вечноста по темни сокаци со свеќа ќе барам. светлина, во гробје, гробишта на оние што пред мене ја отворија вратата...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Да трепнам и повторно како во нов свет да зачекорам оставајќи ги зад себе, сите неостварени желби, сите црни мисли што тежат, ко преполнета вреќа, од уличен просјак, наведнат ниско до земјата, ко да се поклонува за дарот денешен, што господ му го испратил...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Повеќе