секцира св. и несв.
секцирање ср.

секцира (св. и несв.)

„Ги грчеше прстите в џебови и го слушаше сопатникот, тој сечеше просто како да секцира.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ги оперира, секцира, анализира.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Прво имаат една година настава по физика, ботаника и хемија, а потоа сецираат мртви човечки тела во рамките на предметите анатомија и физиологија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Цртачот на стрипови, драги глувци, можеби не е „лекар на убавината”, каков што беше, да речеме, господинот Леонардо, но ги секцира „нештата” на таков начин што неодоливо ги привикува аналогиите како на првите анатомски маси на Версалиус, така и на бесконечното делење на материјата со судирање на честиците, или на господин Вазарели, да не одиме понатаму во декоративното минато.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Еден од најчестите перформативни простори е самото тело, телото кое се изложува, сецира, се снима однатре, се мери и станува сцена.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Рене, млад лекар којшто порано често сецирал, патуваше низ југот на Германија кон север.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- „Има ли моменти од животот би ги петрифицирале, скамениле, кој дел од животот би го секцирале или избришале со гума за бришење?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)