селектира св. и несв.

селектира (св. и несв.)

Не само што нарациите го определуваат значењето што индивидуата му го припишува на искуството, туку овие приказни во голема мерка одредуваат кои аспекти од искуството на индивидуата ќе се селектираат и ќе бидат изразени.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Психичките подвизи“ на телеприсуство и акција-од дистанца се постигнуваат со селектирање на една од опциите на менито.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бев дојден во родната земја во својство на писател, за да селектирам драма од албански автор која требаше да биде поставена во Албанскиот театар во Скопје.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие настани најчесто се селектираат така што преку нив треба да се бележи севкупната судбина на едно семејство, што служи како пример за начин на живеење во рамките на животот на еден цел народ (Solar, 2006: 262).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тука, во Будимпешта, во домот во кој нѐ сместија, почнаа да нѐ селектираат.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сигурно дека експертите во Форин офис имале огромна работа од мноштвото информации што пристигнувале да ги селектираат вистинските и да заземат „правилен“ став во однос на одредени настани или држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Богдан Русимиров беше висок професионалец во службата за прибирање, селектирање и обработка на аудиовизуелен материјал, но во слободното време работеше како приватен детектив и тоа му обезбедуваше добра заработувачка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Некои од информациите успевале да пристигнат и до претседателот на државата, но во тој период ниту еден од чиновниците во Белата куќа не се обидел критички да ги селектира и да ги анализира информациите што биле добиени.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Татко и Камилски уште долго време се договараа доцна во ноќта, до утрина, каква постапка или, како што велеше Камилски, каков метод ќе изберат во издвојувањето, односно во селектирањето на стоте најопасни турски, погубни османизми кои се појавуваа во балканските јазици и ѝ се закануваа на иднината на нивните потомци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)