снабдување ср.

снабдување (ср.)

Обновувањето ќе биде формалност еднаш годишно, како што е обновувањето на книшката за снабдување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За разлика од воените планери, во СОЕ сметале дека не е потребно да се чека да се организираат движењата на отпорот и да се чека на сојузничка интервенција, напротив тие биле убедени дека е потребно да се продолжи со реализирање на осмислените акции уште во периодот пред војната-изведување на саботажи над стопански објекти, патишта, железнични пруги и др., за да се забави германското снабдување и напредување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Колку тајноста била голема зборува и фактот што дури и Министерството за снабдување знаело за две или три имиња кои се однесувале на СОЕ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Првата македонско-косовска ударна бригада која по борбите во Февруарскиот поход се повлекла во делот на Македонија под Грција во областа Меглен, добила задача да се пробие во Западна Македонија, да ја обнови слободната територија од 1943 година, а потоа да дејствува кон Централна Македонија, да ги пресече патиштата од јужна Албанија кон Скопје, што им служеле на германските единици за врска и снабдување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Син му на Ризван бег, Абдула ефенди, долги години беше офицер во воената комора што се грижеше за снабдување на војската.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Одржувањето на бакалницата, копањето на каналот и снабдувањето со динамит биле ризични работи што барале луѓе, пари и време.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тврдината имала тајни и добро скриени подземни ходници што овозможувале снабдување со храна и вода во случај на војна и долготрајна опсада.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Исто така, институциите не покажуваат никаков интерес и за погубните политики на новите газди во однос на снабдувањето со земјоделски суровини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)