срамежлив (прид.)

- Јас сакам да пеам, предложи срамежливиот Андон. - Ако сакате, ќе пеам грамафонски, танко.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Недалеку од него, висок морнар преграбал преку половината девојка сосема млада и срамежлива.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
По, сепак, Атанас, тих и срамежлив, го изучи занаетот, израсна во вистински далјан.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Се качив на врвот од планината, го сочекав самракот, потоа срамежливата, добра светлина на првата ѕвезда, па втората, третата, другите ѕвезди на темната дланка на небото ги палеа своите оганчиња, и јас знаев дека сите самовили, сите џуџиња, сите духови на претците се таму, на нив, на блиските ѕвезди, дури и фараоните, и светците, ја разбираат мојата желба, ми ја подаваат раката“.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се обидел да се исповеда пред челникот Онисифор Проказник, бил срамежлив и безгрешен, можеби нешто од долгиот живот и присокрил пред помлад сведок и исповедник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сталинка ги правеше првите срамежливи чекори, а ние, кога го видовме прчот, сакавме да си ја вратиме дома. Но беше доцна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа беше погреб на срамежлив човек кој стана строг и кој прв пат избегнува публицитет бидејќи тој повеќе не може да му служи, човек кој уште од младоста вежбаше да ја „контролира ситуацијата”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Срамежливиот Александар Јаковлевич веднаш, без одлагање го покани инспекторот да ручаат од она, што Бог им го даде.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Енди беше срамежлив; претпазлив.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Државите како Дардаванија се ептен мали, претерано добри, срамежливи.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„ Си помислив дека ова можеби ќе ве интересира“, имаше обичај да каже со срамежлива насмевка секогаш кога ќе исчепкаше по некој нов фрагмент.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ајде некако да му помогнеме, да го запознаеме подобро со неа, оти Мартин е срамежлив, да не речам – смотан.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Нели, чудно е тоа задоволство што те обзема кога ќе го пронајдеш негде во дворот магаренцето што те донело дома здраво и живо, со сите твои делови - беше оптимистичкиот заклучок што му ја поттикнуваше срамежливата среќа на Господ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој го изложи пред нашите срамежливи погледи својот патлак во највисоката кула во нашето маало.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој во одговор само молчеше; ја положи десната дланка на левото срце, го рашири лицето во срамежлива насмевка, не насмевка на задоволство туку само на благодарност, па се изгуби во својата сива заднина, во која не се разликуваше земја од небо, кал од камен и трн од глог.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во тие мигови, Мајка зрачеше со срамежлива, притаена среќа, со сета светната добрина во нејзините очи, верувајќи дека и натаму е корисна со своето верување, особено кога беа во прашање нејзините чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сѐ заврши со еден благодарен, скоро срамежлив поглед на Гаро упатен кон неа и со благо замавнување на опашката.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Каде ни се заборавените зборови пред кои запиравме како пред можност да се најде изгубеното каде се зборовите дрочни со смрчки зборовите што нѐ попрскуваа со нектар и семе по крилцата и ципите срамежливи и бесрамни зборовите заради коишто капаците би си ги склопиле и би се префрлиле слободно во другото тело како во свое во своето како во туѓо по архимедовиот закон со озрачени души да не останеме полуживи и сами вечно и од јазикот да се откажеме доброволно, како од љубовта при сѐ што сакавме да бидеме заедно уште, огин-и-ништо залудно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Добар деееен! - ме пресече вибрато на 90-годишен старец кој пред врата се беше изложил на срамежливо сонце и кому му се чинеше неизмерно здодевно. Не знам дали одговорив.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Бевме во добата на невиноста, во која кога ни се упатени срамежлив поглед и затскриено искажан копнеж, тие предизвикуваат ерупции во нашата душа, под тенката и нежна телесна обвивка, доба кога душата и телото се сѐ уште поврзани во едно; добата на невиноста, кога возбудата не знае дека еден ден ќе се претвори во рамнодушност или во нагон за задоволување само на телесните потреби, а тогаш, дури и кога ќе успее во себе да вткае страст, нема да има ни способност ниту пак желба да го претвори мигот на уживањето во малечка вечност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе