срдит (прид.)

Последниј ѓумрук, што е немилосердие, санкиј кој не е милостив и кој е срдит.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Во густините на подземниот чад се извеле од купови јајца срдити скакулци да ги мачат безбожниците сто педесет и пет дни; главите им биле душмански, со женски коси и со ѕверски заби и имале скорпионски опаши со отровни жила: луѓето ја барале смртта и не ја наоѓале, и сакале да умрат и смртта бегала од нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сврте кон мене и со срдит глас рече: Зар не гледаш, зар не виде оти јас сум ангел, а не старица која чека душа да испушти, да се земјоса...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На дланката невидлива срдита птица, а општо е познато дека нема полошо претсказание од срдита птица.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)