среде (предл.)

СТОЈАН: Нејсе, де... Топол ден, сонцето пече, а Славче, продава кикиритки среде во градот...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Викна Коле Канинчето: „Еј другари, дрште се, уште малце ќе влезиме стреде в Македонија. Наполнете шмајзерите, запалете бумбите!“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Што заборавате, што заборавате дека моиве ластари ќе бидат ваши раце кога ќе легнете - со внуците да се здравувате А сте ме оставиле само среде оваа штура голотија на ридов за да не умре од немаштија и за да го дојам сонцето.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Сте ме оставиле само среде оваа штура голотија на ридов за да не умре од немаштија.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ти што седиш на брегов мој ела среде мене и молчи.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Под стреата на некоја дрвена барака, легнат среде повеќе безработни, од различни места раскриваше неискажлива тага...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Знам еден подземен излез на брегот, далеку под ридот, среде карпи, маслинови дрвја и кипариси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тука беа и десетте фишеци, што ги понесе, шест во пушката и другите четири во џебот, а тоа беше сега сѐ, што му беше потребно среде тие шпели.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Би било најголемата несреќа што би можеле да му се случи нему тука тоа надвладување и цибрината; пред неа сè го губеше своето значење и стануваше сосема ситно, а тој остануваше празен и бесцелно зашуткан среде таа снежна тишина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од него пиланата беше станата само една мртва и докрај обесмислена куќичка среде снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Среде во градот имаше мермерна чешма.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Го зедоа Трајчета среде и така другарски го прегрнаа како одамна да се познаваат.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сонцето беше среде небо. Реката тивко гргореше. Во сино-зелената вода се огледуваа врбите.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Поручекта, братучедите седеа молчејќи на гредата под тремот, а Чакарвелика на столчето среде дворот пак со плеталото си ги печеше коските.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се наоѓаа среде некој татнеж од кој не се бега.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не приоѓајте му, Три жени со бели шамии околу главите Седат во полето и го чуваат него Спроти долгото патување низ темнината, низ бесконечните растојанија од студот до огнените знамиња на плодот, не приоѓајте му, Утрово ќе ги искачи ридовите и ќе застане на она место каде што застануваат јулските квечрини да ја гледаат девојката со срп во рацете како оди низ полето и застанува боса среде реката на залез сонцето за да ја оплоди и така размножена да истече со реката до свирепите мориња на усмата, Оставете го, Однесете му тогај вода, дајте му сол, и чист во душата нека си легне во полето да слуша како пеат светулките меѓу ожнеаните стебленца на пченицата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Некогаш тука имаше едни млаки Една воденица зад млаките висока бреза среде гробишатата, бели коњи и песна на момчиња што надоаѓаше како молитва на ангели распејани по небесата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Колку мило зборува девојчено, рече старецот, гласот ѝ е како остров среде морето и како дожд во пустина.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
1. Отворајќи се на север, спрема Прилеп, точно на половина пат од Прилеп за Битола, среде пространо поле се издига една безимена, неголема и не многу висока потковица од ридови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И сам знае дека е така најдобро, и знае дека и сите други си мислат дека е најдобро Лазор да направи така сам како што вели, да го отепа Хаџи Ташку среде Прилеп и среде бел ден, но зашто не сака да го жртвува Лазора вели Властите можат да си помислат дека ние сме те испратиле да го отепаш, сме ти платиле за да го отепаш, па пак ќе се свртат против нас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе