стан м.

стан (м.)

Јане Славковиќ, со стан во магарешка клупа број единица во мојов дневник, од овдешнава гиманзија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Самиот тој стана „кумбара“ на неколку селски домаќини и богато ги награди своите кумчиња сѐ со лири и наполеони. И не располагаше само тој со илјадници лири.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Зелени очи, ме чекате ли во зелениот стан?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ти, проклето ајдучко копиле, цедеше од себе, и тогаш на крај од мочуриштето, и десетина ноќи по тоа кога првпат влезе кришум во туѓ стан.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ти сега плачи, ќе и рече, после појди во станот и земи го памучниот палјачо. Ќе ја заниша главата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не и го спомена веќе а по две ноќи вратат на неговиот стан ја стресоа силни удари.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Знаеше дека ќе се згрее во станот на Џив и дека ќе се расположи.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Човекот се искриви на една страна но не падна, со инстикт на желка ја завлече главата во својот стан влечејќи го со себе мирисот на детски пелени и прегорено млеко.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
9. Дрско извлечен од својата канија зракот, тој бел меч на ноќниот полноглавец загледан во прозозрецот на станот бр 6, лежеше на сивото зглавје.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Посака и тој да има во својот стан такво легло, но бидејќи беше мрзлив не можеше сам да си изгради.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На улицата се собра народ. Се расправаат и чудно гледаат во прозорците од Митковиот стан.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Арсо нема да се врати, мајко! Го смени и станот во градот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Змејко можеше да го знае тоа уште веднаш по малку, кога сите со сините комбинезони си отидоа, а тој остана, онака ластарест, во госитлницата, и побара од него стан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Праша, дали тој, Змејко, знае нешто и за стан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А велеа: „Жената на главниот инженер“. Велеа: „Таа, кога отишол еден ден во нивниот стан“.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Трчајќи се врати горе во станот и кога ги погледа татко си, мајка си и баба си, го забележа истото она што го откри и во очите на Лидија.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мајката рече: - Јас го исчистив станот, ги измив садовите, направив салата и ја наместив масата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Зашто – леле! Којзнае што ќе станеше во станот на Зоки Поки, ако овој Фигаро умееше да држи ножици!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Буба Мара си соши нов фустан. Ежот се пресели во нов стан.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
По примерот од Челебијата, сите чауши, почнувајќи од Ѓузепа до кир Андона беа си фатиле по една посестримка од младите мариовски невевчиња и чупи и секој секоја вечер се шеткаше со по една низ боровата гора, играше до неа на орото во неделините и ја водеше во својот стан сат два пред пајдосот за неколку бели череци месечно, некоја гривна, обетки, прстенчиња, синџирчиња и за некоја и друга натпишана надница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК