стационира св. и несв.
стационирање ср.

стационира (св. и несв.)

Кратко време минаа во Италија, а потоа се стационираа во Женева.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
По ослободувањето на Скопје дел од членовите на британските воени мисии се стационирале во градот и оттаму ги следеле сите настани што се случувале во градот и оттаму ги следеле сите настани што се случувале на територијата на Македонија и со тоа го запознавале шефот на британските воени мисии во Југославија Фрицрој Маклин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Мисијата Mulligatawny била спуштена на 20 септември 1943 година при мисијата Concensus, која била стационирана во Монастру на МОКРА на територија на Албанија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во меѓувреме во близината на Кавадарци била стационирана српската Тимочка дивизија чија команда на почетокот соработувала со месната власт, а своето присуство го објаснувала како привремено.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Иронијата да биде поголема, во центарот на Новата лисица беше стационирана џандарска станица каде се апсеа само ситните дилерчиња кои одвреме-навреме требаше да послужат за маркетиншко политички потреби.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Првите британски воени мисии што биле предвидени за Македонија се спуштиле на 20 септември 1943 година при мисијата Консензус (Цонценцус), која била стационирана во месноста Манастирец на планината Мокра во Албанија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)