стил м.

стил (м.)

Во 1902 год., кога Крсте дојде во Битола, стана и домашен учител на конзуловите деца, а на 26.7.1903 год. (ст.стил) тој му беше единствениот сведок при убиството и заедно со неговото тело мораше да ја напушти Македонија и отиде во Одеса, а оттаму во Петербург.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
9. Илинденското востание е објавено на 20 јули 1903 год. по стариот стил, т.е. на 2 август по ново.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Миндерлак со перници. Перниците и пердињата се во македонски стил.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Стил на цивилизиран победник.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Секоја куќа си ја задржала својата посебна боја, својот посебен изглед, фасада, стил, украс.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ниедна зграда на овој плоштад , иако изградени во различни стилови, не се одделува од општата глетка која претставува едно единство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Разните стилови служеле и за тоа, да можат поштарите полесно да ги распознаваат куќите кога ја разнесуваат поштата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа е градена во последната четвртина на 13-век и затоа претставува најстар објект во Прага во стилот на раната готика.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Секако дека во онаа заедничка констатација оти стилот на Чинго е близок до „говорниот јазик“, согледана во редица критички и есеистички текстови за прозата на Чинго, се кријат можности за натамошни појаснувања и аргументирања кои, можеби, ќе нѐ доведат поблиску до самата суштина на прозата на овој автор.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се работи, значи, за проза која е создавана со еден впечатливо самосвоен стил, за автор кој го нашол својот јазик во непосредниот контакт со изворите на својата проза.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој не се надоврзува само на фолклорот, тој не се надоврзува ниту само на говорниот стил.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Црепните почнуваа да ги газат, на Руса Среда, 14 април стар стил, но тоа беше само отварање на црепнарската сезона.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога во 1941-та, на сам ден Благоец, 24 април стар стил, фашистите ја завојуваа Потковицата, него, меѓу првите, го собраа војска, а кога, пак, го пуштија од војска, го поставија да биде писар во општината во Тополчани и го вооружија со пиштол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беа осудени за ширење капиталистички стил на облекување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури и да се обидев да му се спротивставам, тој не ќе попуштеше, туку ќе почнеше да ми објаснува за некои опасни заразни болести што се добиваат од нечистотија, мајка ми ќе продолжеше во негов стил, а мене таквите нешта ми се страшно здодевни, зашто ги знам веќе напамет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Му телефонирав на професорот, веднаш честитајќи му на извонредниот критичарски усет и прекрасниот стил во неговата најнова книга која, патем речено, ја немав ни видено.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Оваа убава сатира е насекаде предадена во филигран, во мноштво форми, низ чудесниот стил.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа беше Театарот, старо здание градено во псевдокласичен стил небаре пресадено овде во средиштето на Балканот од Виена, од Рим или од Париз!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Алегоријата е везена со мајсторство, колку со вибрантниот и воздржан стил толку и со умешноста на митот на отпорот против криминалниот диктат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Иако во раните години на деветнаесеттиот век оваа дејност беше ценета и се сметаше за сериозен и корисен метод во процесот на истражување и обликување на стилот на писателот, многу повеќе отколку што тоа било пракса во изминатите векови, постоеше уште една струја со тенденција да направи пресврт во статусот на преведувачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе