тазе прид.

тазе (прид.)

Чув дека си варел тазе комовица... Ти знаеш, колку сум мераклија.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тазе поповите се познаваа како мариовци уште од порано, та бидејќи поп Илија се наоѓаше во „грчки" центар — во Битола (што му даваше кураж), колку го сретна Пројчета во тесното уличе пред дуќанот на Мушона Евреинот и Ристета бѕовиќанецот, застана пред него и почна да го навредува и предизвикува: — Оче наш, прчи паш, вати мачка за опаш . . .
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Салепџијата, со калаисаниот ѓум во едната рака, а во другата со таблата со шарени филџани, викаше: - Ајде, ајде, салеп! Тазе, тазе салеп!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Жените домаќинки, со засукани ракави ја готвеа зимницата; ги полнеа качињата со домати и пиперки, за да имаат преку зимата тазе туршија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Прво стави една чинија со бело сирење. Па стомната со тазе вода.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Секогаш велам, ако имаш мачнина, веднаш изблуј се. Уште додека ти е тазе во меот.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Те начекав на тазе боза. - Кај чичко Лазе сѐ е тазе.  - Азис сакаше да го викаат Лазе, па така и сам се викаше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Почнуваме со "тазе дијаспората" која го опфаќа периодот од крајот на деведесетите па до денес.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Како тазе Американец јас немам право на глас уште минимум четири- пет години, па дотогаш ми останува само кирилично да мудрувам и да солам памет на мајчиниот јазик.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ако само малку се концентрираше, на сликите можеше да им додаде и звуци и мириси, цела атмосфера: крцкање на летен песок и слатка врелина под нозете, тазе испеглана постелнина, Нивеа, печени тостови со кулен и млечен намаз, здив после ќебапи, куп искористени кондоми и кучешки лаеж.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во мигот кога посегнав по спружените алишта и не сакајќи се слизнав на тазе подмрзнатиот балкон, кој за несреќа беше на 13-тиот кат од зградата, каде живеев заедно со моето момче, ми прелетаа низ глава сите овие реминисценции, на кои во друг случај не би се сетила сигурно.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Подоцна велеа дека не можеле да се изначудат што има толку многу тазе леб.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Питите на Бланш беа правени тука и секогаш беа ровки, тазе и вкусни.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но сега, тазе бистроок, расеано застанувам на балконската врата и безволно си се тешам што темнината сепак не била бескрајна.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Утринава ми го извадија пердето од десното око. Сега, тазе бистроок, те гледам сета во џиш црвено.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Далеку од очи, далеку од срце, нова категорија на врска, во која не мора да бидеш секогаш тазе исфарбана, а за на „скајп“ си ставаш капа или шубара и си муабетиш, или си недостапна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)