транспортира св. и несв.

транспортира (св. и несв.)

Животот во Сурен врви забрзано, зашто ваков пулс се транспортира од срцето на Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во мојот најдоа интересни честички (мутации од патот?) и затоа сакаа да ме транспортираат со интерпланетарниот „издувен“ топ на другата планета.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сега по должината на пругата отвориле повеќе станици преку кои населението од разни места ги транспортирало своите стоки.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Шатев не признал дека динамитот го транспортирал тој до Кочани.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Три железнички транспорти со издолжени композиции формирани главно од товарни вагони, Евреите од новите предели беа дефинитивно транспортирани на север.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Била бремена кога таа и сопругот добиле известување дека ќе бидат транспортирани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, лекарите советуваа да не се транспортира со амбулантно возило.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Заради сериозноста на состојбата итно мораше да се транспортира во Скопје.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)