траурен прид.

траурен (прид.)

Кога стигна ѕвоното, веќе можеше со ѕвонење да се огласи ако имаше богослужба и за смрт, помилуј господи, можеше да се бие траурно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Едната е присој, другата осој, едната лазурна, другата траурна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Велат дека некоја квечерина, неколку месеци по нејзината смрт, дошол некој човек, остарен, со виток стас, со букет во рацете, поминал покрај траурната порта на Невена, троа подзастанал и си заминал.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој убав дворец не е веќе траурна зграда, туку здание на светлината или „Сарај на убавите уметности“. Во вистинската смисла на зборот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- При овие зборови Смокот подзастана веројатно да земе воздух, а потоа продолжи - И во тој напор да ја изврши докрај задачата се случи твојот син да доживее да стане херој, мајче Босо - ја извести со траурен глас другарот Ѓорѓи Смокот и силно ја гушна!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но иако строго наменска и поттикната од желбата да се потисне траурното во нас, таа лошо смислена приказна исплива од ноќната река на спомените додека бдеев на прозорецот многу месеци потоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Човекот сериозен, траурен, а јас, недосетлив, и понатаму со мајтапџиските алатки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Токму сега тој почна да удира, а звуците беа некако далечно траурни, како биење на пукната селска камбана.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)