трепет (м.)

Штом сама остана, шамијата ја сметна в трепет и пушти веднаш жален вик.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А луѓето, сите со трепет, замаени беа од необичната драма.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И сепак, ајде, к’истраеш во век, ќе бидеш пазач на ден и ноќ, стра и трепет ќе сееш со ред, заклучен вулкан со грозна моќ. ***
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Последниот нејзин жител – полјакот Аврам, кој што беше страв и трепет за децата што идеа во бавчите да крадат праски умре за време на војната и на негово место не дојде никој.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Полека, со трепет во гласот реков: - Ти си апаш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се бореше со лек трепет но можеше да ја повлече кочницата како што можеше да го стисне со показалец чкрапецот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Еден трепет по местата познати зошто се игра со праменот на моите мечти
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И тој, земен на дванаесет години и потурчен, стана страв и трепет за султановите непријатели.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Копнежот, големиот, несовладив копнеж, да ги излее во работата трепетите на своето срце, го имаше маѓепсано Велета: му пречеше до крај да го согледа животот, макар не еднаш да го имаше сетено тој на својот грб неговиот камшик...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но од тоа слепило зрачеше некој внатрешен вид - црн и недомолив, зол. „Дојде ли да решуваш гатанки?“ извлече тој од некоја фиока во себе а Отец Симеон забележа лек трепет под едното негово око.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сите негови спомени од далечните години, после... тажните писма од Бимбила, фотографиите од синот и внучињата што не ги стегнал ниту еднаш на ранетите гради, и сјајот во нивните очи од новиот, слободен живот таму - сето тоа му беше слеано и дишеше во топлиот трепет на таа незаборавна, светла и мирисна мугра од пред дваесет години, што овде го галеше и постојано го измачуваше со најмилото: мечтите, младоста, љубовта и тешеше во најтешките часови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ѝ пријде со непознати чекори, тромаво, несигурно и го осети под своите дланки трепетот на сувите, подвиткани раменици. „Сеедно, Марија. Сега бегај. И за помалку од ова стрелаат.“ И сега со лути пцости во влажните очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Неуморно копа во нејзиното срце - не би ли истргнал оттаму близок, сакан трепет: заради неа, заради сите. Најповеќе заради неа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зраците на изгревот удираа во неа и трептежот на нејзиниот полн сјај продираше во собата меко и пријатно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, тој со ништо не го прикриваше во својот глас оној површен трепет, што мораше да значи или подсмев или голема жал. Или обете. Најверно обете.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Страв и трепет, мислел, јас сум страв и трепет и нека чујат за моиве прошетки по овој бел град сите луѓе од моено село, тоа е она, што можам да им порачам сега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
XXV. ... Беа едни сосема далечни и благи, едни речиси неосетни трепети од некаков тивок топол повеј; минуваа долго и лесно низ целата негова снага, а потоа сите му се насобираа на лицето и сега му застанаа тука и почнаа да се засилуваат и да го греат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Башчаушот на заптиите, Шарен Мустафа, беше страв и трепет за нарушителите на внатрешниот ред, а „мајка" на послабите и мирните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
48. КОГА МНОГУ ГРМИ, МАЛКУ ВРНЕ - море, врне и истура страв и трепет, немајќи си заслон да се згрнеш ќе гориш, ќе се сториш прав и пепел... малце и подналути се, но зло да не сториш!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
— Бре, бре, бре! Уште ова не беше се чуло: рисјанец да дигне рака на Турчин! — се чудеа полјаните по тие села. Но насекаде таа постапка предизвика чудење и некаква кураж кај христијаните, а извесен трепет и гроза кај Турците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе