тужи (св. и несв.)

- Јас мислам дека најдобро ќе биде да го тужиме.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тогаш скомина ги фаќаше и потајно ги силеа Јанческите да го тужат Тахир бег и да бараат да им биде вратен коњот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Те тужев. Џабе. Кадија те тужи, кадија те суди.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Треба да го тужиш. Како може така? - рече Елена и веднаш сфати дека избрзала.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Допрениот“ не иде (ко што е ред) кај Благоја Железничарот, туку одма наоѓа двајца сведоци и те тужи за два милиона долари оштета.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Но, и тука работодавачот потфрли при почитувањето на работничките права па, освен неисплатените придонеси во ФПИОМ, не му исплати ниту испратнина, за што Авдиќ повторно тужеше и иако има добиено судска извршна пресуда, таа сѐ уште не е испочитувана и сумата не му е исплатена.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Орхан Авдиќ, и покрај добиените судски спорови против својот бивш и осветољубив работодавач, вели дека не би тужел повторно доколку му биде повредено некое работничко право – поради тоа што воопшто нема доверба во македонскиот судски систем и во синдикатот за кои, се чини сосем оправдано, смета дека се целосно партизирани!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во граѓанската парнична постапка што Јакшиќ ја поведе пред Основниот суд Скопје II, ги тужеше компанијата- подизведувач во која работеше и плус уште две други компании кои се јавуваа во улога на изведувач и инвеститор на објектот на кој се случи повредата при работа [н.з. станува збор за ГТД „Бетон – Штип“ АД како второтужен и ГУТ „Луна Корпорација“ ДОО – Скопје, како третотужен].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)