туѓински прид.

туѓински (прид.)

2. Поимот „еволуција” во речникот на Мисирков и на неговите истомисленици означува програма на „новото движење” што бара првин национално обединување и изградување на македонската национална свест на народот поделен од пропагандите, оневозможување на туѓинското мешање во Македонија, развивање на самостојната македонска култура, јазик и црква во рамките на Турција и под контрола на големите сили, па дури потоа полно политичко ослободување од Турција и создавање независна македонска држава што може да се вклучи и во разни видови федерации или конфедерации на Балканот или меѓу јужните Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не давај му да дојде близу до туѓинските нишани, нека се крие зад камењата и нека не трча во устата на ѓаволот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мермерната мастилница со две црни очи беше варварска маска за туѓинските обреди.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Законите под тоа небо биле туѓи и туѓински а тие биле должни да се тргнат од згрбавеноста на ропството и да си ги покажат срцата. Минато, сегашност, иднина, нели? Сеедно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можев да ја чујам песната на Калпаковиот булук, распашана, дива, скоро туѓинска: зад таква песна секогаш останува заканувачко молчење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Човекот не може да се буни против самиот себеси: своите уживатели на независноста тој ги подвргнува кон принудната едногласност која без било каков премин го зазема местото на туѓинската власт.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но кога таа ми објасни дека не можела да поднесе да биде жена на човек кој станал кодош, слуга и полицаец на туѓинска држава, каков што беше и оној кај нас Црн Киро, не можев а да не ја оправдам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дека уште утредента ако не и истиот тој ден можат тие туѓински војници да се појават во полето помеѓу двеве планини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оттаму, од просторите на доброволниот егзил, што го избра мојот Привид никогаш не пристигна никаква надраска, ниту белег, ниту знак или абер во кој ќе препознаеме барем еден наш здив, наша сказна или спомен помеѓу сите туѓински определби што наеднаш Привидот ги избрал за своја храна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Овој заклучок ми се наметна откако пред мене се појави нешто како сенка или туѓински војник кој ми го вперува орудието в гради.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)