увид (м.)

28. ПТИЦАТА СО КРИЛА, ЖЕНАТА СО МАЖ ЛЕТА - ој ти, мисло, ти дамнешна соломонска сенко, разгрни се, постели се, на увид биди сета - се скинало ли и во тебе тоа што е тенко...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Сѐ е изнесено надвор, на увид на сите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во жалбата наведе дека вештото лице кое изврши увид, дава свое мислење само околу тоа колку е оштетена куќата а не и кои се причините што довеле до оштетување на куќата; дека вештото лице самото наведува дека не е стручњак по ова прашање; па спрема тоа, треба стручно лице да даде свое мислење за причините што довеле до пукање на куќата, зашто има и други куќи во селото што се на иста или приближна оддалеченост од каменоломот, а не се оштетени; што се однесува до сведоците: тие тврдат дека пред употребата на експлозивот, куќата не била напукната, но не можат да тврдат дека тие пукнатини настанале токму од експлозиите или од нешто друго.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Фонче откако ја прегледа куќата од Китан, вртејќи ја главата како да не верува дека ова е случено со неа, во тужбата наведе дека куќата е оддалечена 150-200 метри од каменоломот; дека кога ја изградил Китан, тужениот Танаил, не вадел камења со експлозив, ами рачно; дека од тие експлозиви куќата добила пукнатини кои со време сѐ повеќе се шират и дека се заканува опасност куќата да се урне; куќата кога ја изградил немала никакви пукнатини, а за тоа можат да посведочат мајсторите што ја граделе; и затоа бара од судот веднаш да му забрани на тужениот Танаил да употребува експлозив и преку вешто лице да направи увид на штетата на куќата и да му ја плати на тужителот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По некој ден од судот дојде градежен техничар, како вешто лице, и судски записничар. Извршија увид и направија записник.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сепак, овој свесен увид не го намали „притисокот“ и физичката болка.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во текстот, нивото на акција му овозможува на читателот увид во тематскиот развој на настаните со текот на времето.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие ни помагаат да го расчлениме општото поведение на организмот на начин кој ни дава подлабок увид во емпиричките податоци од психологијата и невронауките.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Конечно настапува трезвената состојба на „верификација“, кога „брилијантниот увид“ мора да биде соочен со неприкладната реалност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се доживува и чувство на длабок увид во сопствената личност, живот или реалност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оваа состојба почнува ненајавено и ненадејно во вид на восхитеност, блаженство и екстаза од животот на обичните луѓе, преплавено со блесоци на убавина, љубов, духовно - сексуално искуство, совршенство, стравопочитување, естетско или креативно чудење, увид или визионерско доживување, како што во своето творештво го соопштува, да кажеме, Вилијам Блејк (William Blake).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
[...] Бевме во можност да дадеме каузални објаснувања кои генерално се во согласност со наодите на Пијаже но кои даваат подобар увид во механизмите што стојат зад процесот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Или можеби за неодредливоста, увидот дека на таквите дела е неможно да им се припише некое фиксно значење?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Современото мислење и осетливоста при регистрирањето на пулсот на нашето време останаа и понатаму негови истакнати одлики, но неговото двоумење помеѓу крајните луцидни увиди и понекогаш крајно детските, искрени и погрешни процени или пусти желби, сега се смирени со пообразложен и посеопфатен начин на мислење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Со својата фикција на Крлежа како Туѓманов советник тој себеси се легитимира како верен следбеник на хрватското револуционерно државотворство како јасно профилиран идеолошки концепт кој не е само резултат на супериорниот увид во стварноста, туку таа стварност, ваква кутра каква што таа денес е, допрва ја произведува и поткрепува.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ќе добиеме увид каква е положбата кај нив и како тие ги решаваат - или не ги решаваат - постојните проблеми.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во ситуација кога ГШ на НОВ и ПО на Македонија немал целосен увид во она што се случува на оваа територија ГШ донел решение со сите единици да излезе од поширокиот обрач кој го формирал бугарскиот окупатор.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Претпоставував дека треба да направи не само увид во можностите, туку и извесни консултации.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кон историското ниво на приказната кое низ преданието, архивата и пронајдениот животопис пружа увид во колебливото минато, се придружува современиот контекст во кој историјата се повторува и се огледува во речиси истоветни форми, наметнувајќи го заклучокот за неможноста од пронаоѓање сигурна точка на посматрање и на дофаќање на конечна вистина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Си се врати веднаш во зоната на својата тишина, и продолжи одмерено, небаре ги диктира елементите од извештајот што требаше да го поднесе комисијата пред Партијата и пред власта: - Сите овие сиџили, односно кадиски регистри или протоколи, пишувани или препишувани од разни кадии, помеѓу 1607 и 1912 година, колку што може да се забележи од овој бегол увид, пишувани на арапскотурски јазик, најголемиот дел се однесуваат на положбата на селаните, на чифлигарството, на верските конверзии, на матролозите, на дервенџиите, на јаничарите...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Повеќе