устрем (м.)

Полетуваше по неа, полн со топлината на таа своја тивка игра, во која потреперуваше и некаков безшумен лет на преперуга, некакво бело танцување, и некаков безграничен устрем на галеб, во таа бес тежинска собраност на сѐ, што постоеше од него, само во тој поглед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ЛИПА I Кога се решив да ја исечам неа кога се решавав челото со градушки ми се оросуваше а срцето ми биеше в грло кога се решавав зашто одлуката не беше лесна да се исече врсникот мој со кого растев од ластар што го следев до вита стеблика со која си игравме на врвот јас нејзе поткрепа ѝ бев таа пак мене лулка таа мене устрем во височини јас нејзе заштита од бубачки и мравки од црвојаднина.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Едниот ќе поведе во својот утрински занес пречекувајќи го сонцето другите го следат во складно безредие и еден по друг се редат во устремот на денот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Трепери материјата на таа игра во која се губи кутриот летач но не се поредава во својот тетерав устрем.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Некој е вишок тензијата е последица од премногу сакање ниски страсти, совпаѓања а предметот на желбата еден и неделив мистичниот копнеж по неделивоста нѐ поврзува да учествуваме во с-подвижната драма на свеста (coitus interruptus) во одложувањето на кулминацијата секој од нас цел го сака цела ја сака колку повеќе ја одлагаме драмата толку повеќе е тука приклештена габаритно еуфорично распиштолена по меките, лимфни, срамни и кршливи пасажи на твојата, мојата или на неговата психа, навидум силна налик на лунатик хистеричен порив да се биде роден да се осети на свој грб животот сѐ недостатен, сѐ пожелуван сѐ отповеќе, сѐ отпосле сѐ притеснет испустен или пренаселен сѐ загрозен, заплашен, изнемоштен од перипетии, пресврти и стресови од иселеништва, делби и егзили сѐ лишен од разврски создава лажна, мелодраматична слика - нема друг и никој не е сам - - целоста е устрем обичен, а врховен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)