финале (ср.)

Слуша извесно време задоволен.) Останува само уште финалето на... комедијата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во финалето на последното кажување Веселин, Мена и малиот раскажувач ќе слезат кон полето исполнети со дрвени некролози и ќе почувствуваат неодложна желба да ги уништат табличките, тие морничави белези на умирањето: „Сите овие проклети крстови ќе ги искорнеме, рече Веселин, сите до еден.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Финалето ја враќа приказната кон малиот круг на семејството, а текстот во времето на сеќавањата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Грандиозното финале на филмот со стотици генијално искористени статисти, кадешто се користи возењето на една висока кран- камера која една по друга ни ги открива неколкуте сцени и неколкуте публики, е најдобар пример за претходно изреченото: вистински крај на низата од набљудувани- набљудувачи нема; и нашето око е само дел од таа низа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа е излегување од сцената, финале на славниот еп на твојот живот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Бев повреден до срж, бев гневен, оти во љубовта најмногу разжестува покажувањето несексуална моќ; веќе не ја слушав Луција, и само се сеќавам, како низ магла, дека таа говореше за некаков втор блок од програмата, по некакво оро, и дека финале, круна на приредбата ќе бил бабарскиот обред од нејзиното село кое ќе го изведувала таа со некоја одбрана дружина од тој крај; во тој обред таа го препознала самото битие на овој народ, а тоа било многу важно за зачувувањето на здравиот народен дух денес, особено кај помладите генерации.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стигнавме до финалето и веќе нема нерешен резултат.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Кога двајцата зографи ќе побараат нараторот- поет да им ги ископа очите („за да не гледаме што уште ќе се случува“) јасно е дека авторот нѐ воведува во едно апокалиптичко финале: „Само слушав како баботи небото, како галопираат зловестите коњи и како трубат ангелските труби најавувајќи огнови, скрб и студ.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Навистина слично добиче немам сретнато. А финалето на приказната звучеше феноменално.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Одеднаш му станува јасно дека му е сеедно што ќе покажат анализите, дека му е сѐ едно што и како пропуштил, дека му е сѐ едно што и овој, последен пат, нема да пречекори во финалето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Еве трета година се обидува напразно тој да го пречекори прагот на финалето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој не ја прими понудата не дека гледаше во изедначената позиција некакво скрито предимство за себе, ами просто затоа што само со половина поен ништо не постигаше: оваа партија му е последна во полуфиналниот турнир, и само ако ја добие, само ако реализира вечерва цел поен, тој можеше да влезе во финалето за државно првенство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Слика прва: Идеш у дуќан, зимаш ЕлЦеДе телевизор најголем што постои, гледаш светско првенство у фудбал, завршува финалето и го враќаш.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Финалето беше онака како што и се очекуваше – секој ја ебеше во по една дупка дебелата Симона.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Одекнаа во библиотеката звуците на финалето од симфонијата на Бетовен, која авторот ја сметаше како свој музички тестамент за вечен мир, позната како Ода на радоста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
При своето последно патување во Париз, купувајќи порачани и други книги за јаничарството за Татко, нему во еден музички магазин вниманието му го привлече една грамофонска плоча со композициите на Турскиот марш од Моцарт, финалето на славната IX симфонија на Бетовен, Воената симфонија број 10 од Хајден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)