хангар м.

хангар (м.)

Над него небесниот свод се затвораше како врата на џиновски хангар.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сигурно беше некој хангар за добиток пред транспорт.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој забрза, сакаше да премине кон десниот хангар, а јас уште еднаш викнав: Стој!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Лево и десно од автопатот многубројни хангари - фабрики во различни бои и на покривите знамињата на САД, Германија, Италија, Франција, Шпанија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Грбот, задникот и бутовите ѝ беа добро исончани и темната боја од телото полека се претопуваше во полумракот кој ги бришеше рабовите на предметите во хангарот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со Ема работевме во хангарот исполнет со табли изрезбани во вид на луѓе, куќи, камиони, мети со фигури направени од сунѓер и гипс, со дрвени модри сандаци за оружје и муниција.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се качив во возилото на инженерот и, набргу, стигнавме до еден голем хангар, изграден на една чистинка, на периферијата на градот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Двајцата од џипот ме фатија за раменици и ме свлечкаа во една импровизирана соба, во аголот на хангарот, направена од лесонит, без прозорци.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи