чарк м.

чарк (м.)

Приказна: печурки со црвени стреи, чаркови во пена, златогрли сеници во грмушка. Лага.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Планинската река со шум удираше во дрвениот чарк и прскаше околу своите вирови матна пена.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие што имаа огнестрелно оружје ги прегледуваа кремењето, чарковите, капсите, штракаа по десетти или педесетти пат дали работат нозете и петлињата на кремењачките и капсалиите, а тие што носеа секири, балтии, коси, крклизи — го остреа своето ладно оружје со егиња и ги вртеа главите, секој сакајќи да не дојде до употреба на ова нивно „оружје".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На воденичарската заедница во Кукулино ѝ преостанало или да ја наведне главата пред зулумот или со тврдоглавост да зачекори кон нови страдања: најумниот или најисплашениот од преостанатите мажи се откажал од воденичарскиот занает, најтврдоглавиот го потерале сувариите до најблиската река и го распнале на гнил чарк за наводнување на недалечните ниви, цел еден ден да се врти под надгледување на двојна стража, со секој миг пред неговите очи да се сменуваат матното небо и разбранетата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се споулавувал и не се покорил. Го одврзале од чаркот и кога му помагале да седне и да се смири доколку не сака да го потераат во сургун, повторувал дека ќе им се одмазди на џелатите и дека ќе му ја запали куќата на бегот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кобнички гракна гавран, потоа веќе знаев дека со кусо и болно повторување чкрта бунарски чарк, квичи осакатен пес и се заценува дете, и сето тоа достасуваше до мене и пак се оддалечуваше, се гаснеше или тонеше во некоја тишина чии ластари се испреплеткуваа околу мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чаркот чкрташе над мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А сега групата што работи со чаркот нека плукне во машките дланки.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тогаш, во последните мигови на работниот ден, ќе зачкрипеше чаркот над вертикалниот отвор низ кој се гледаше малку небо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)