јадеж м.

јадеж (м.)

Од дебелење кожата ѝ напнуваше и добиваше некој јадеж по снагата: се чешаше, се чешаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Осети јадеж во прстите.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Понекогаш ќе се сожалеше и оние добичиња што од силен јадеж и страв ќе избегаа во планината, одеше да ги бара; кога ќе ги најдеше спикани во некоја грмушка или трап каде што сѐ уште мавтаат со опашката и клоцаат со нозете од силен јадеж, им се доближуваше полека, им ги вадеше коњските муви и стршлените и тие ослободени од тој напаст, го лижеа по рацете и им идеше да го бацат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Секако, херојството беше редовно надополнувано со честиот и незгоден јадеж на „кутрите“ сиромаси - кога веќе нешто е евтино, да побараат најмалку двојно за истата цена.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Под ноктите ѝ влегуваше кирта од кожата, ама јадеж не ѝ се јавуваше. Како да чешаше туѓа глава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК