Италија име.
италијански прид.

Италија (име.)

Се растури со влегувањето на Италија во Првата светска војна (1915) на страната на Антантата (со Англија, Франција и Русија).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
32. Тројниот сојуз е военополитички блок на Германија, Австро-Унгарија и Италија, договорен во Виена во 1882 год. и насочен главно против Франција и Русија за распределба на светот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се однесува за Цариградската конференција (1876-1877) на претставниците на европските големи држави (Русија, Англија, Германија, Франција, Австро-Унгарија и Италија) и на Турција, одржана во Цариград непосредно по Босанско-херцеговското востание и Српско-турската војна, како и по востанијата во Бугарија и во Македонија (1876).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беа на фронтот. Се биеја со Италијанците, но фронтовите се израстуруваа на ден-два.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште тераа тројца заробеници: двајца Германци и еден Италијанец.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Командирот Планински ја зеде машината и напиша: „Драги Тале, како што ни јави, напладне ги пречекавме „сватовите“ и убаво ги дарувавме, заробивме двајца Дојчовци, а еден Италијанец сам се предаде.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Рекоа дека Италијанците ќе го земеле и училиштево. Визбата ќе ја правеле затвор.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога Италијанецот се приближи, Трајче го позна. Тоа беше Федерико.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А од Италија по нив стасале неколку километри макарони.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
БОРИС: Не се дупеше овде? МАТЕЈ: Во Италија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: Најдалеку имав патувано до Зелениково. Ти по Италија ги дупиш ушите.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Главниот збор во Атомиумот го имаат големите „атомски“ сили САД, СССР и Англија, потоа Франција и Италија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тврдо брашното како камен. Останато било од Италијанците.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ете, Хитлер го отепа царот, Италија капитулира а Ѓоре твој, Алексо мој и Борис Един излегоа в планина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По еден месец ѝ се јави од Италија. Ѝ пишуваше дека е здрав и жив и дека со некој си другар што биле порано во интернатот, ја минал кришум границата и дека сега се наоѓа во привремен логор, во кој ќе помине извесно време, а потоа ќе замине за Америка.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Му кажа дека и во Италија за време на војната некој научник работел на ваков експеримент и успеал да создаде само некој вирус кој бил многу опасен - смртоносен.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога се повратија Италијанците во Костур, нашиот слуга Васил Мокриев прв им го даде газот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Однадвор слушам: — Италија ја окупира Албанија, нападната е Грција, Костур е веќе згазен! Мобилизација, мобилизација!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оружје им даваа Италијанците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Што интереси има Франција и Италија? - рече игуменот како за себе.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе