голотија ж.

голотија (ж.)

Само здравје и живот, некој к'смет господ да ви даде, да се ќердосате, та никој не умрел од голотиа и од босотиа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Токо, налет ти голотиата. Ете, од Стоанка останаа толку алишча, нека дојде, нека носе, пците нека а носат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само двата чкора, оние две мртви дрва, како да изненадуваат; но и покрај толку вода и сонце, тие не пуштаат од своите црни гранки лист и дел се од тагата на оваа голотија.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа колоната несигурно одеше и со крваво око го мереше камењарот, сивата свирка на нероденоста, пустошта и голотијата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сте ме оставиле само среде оваа штура голотија на ридов за да не умре од немаштија.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
И мојава усамена става на оваа голотија сте - вие.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Јас, исушен, љубимец на вековите, ги засакав сите добрини и зла и сета жилавост на оваа голотија крај мене сум ја исцицал.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Погледна за миг во голотијата над себе. Сите неба се далеку, рече. И моето.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само уште малку да поседи овде додека И накупи алишта - да си ја покриеме голотијава наша...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, за некои е доволно да минат покрај „Мулен Руж“за да ја задоволи суетата дека минале покрај оваа прославена париска витрина на голотија и што предизвикува повеви на разни асоцијации.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И затоа секој што застанал и зјапи во витрините на кабарињата, на бистроата, во бутките со порно литература, во кафеаните каде што се нуди само голотија, во кината каде што се екранизират порно филмови и на чии влезови, за пропаганден ефект, задолжително стои забелешка дека „гледањето на филмот е строго забрането за луѓе под 18 години“, е некој дошлак во Париз, некој турист и гостин од некоја странска замја, кој можеби дошол тука, на „Пигал“, за да каже, кога ќе се врати во својот крај, дека бил на „Пигал“, зашто се смета дека тој е еден од симболите на француската метропола.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Хиперцивилизираната афектираност во облеката на кралот на Непал и неговите придружници, смешните набрани околувратници огромни колку воденици и потпетиците високи како копаните на венецијанска куртизана, се во совршен контраст со дивјачката голотија на Калибан и останатите островјани.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Неколку мига, колку што на мајката ѝ беа потребни за да ја покрие голотијата, пред да излета од собата, беа доволни Луција да побегне.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На демонстрациите ги носеа неговите голи слики, на концертите се пееја секакви непристојни песнички за неговата голотија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Тоа, тоа! – како никогаш пред тоа се израдуваа Ескимите откако Дедо Мраз голотијата и новиот тен им го обнови во топла, шарена облека. – Само тоа и ништо друго!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)