гребе (несв.)

Ѓаволски ќе те заболат коските. Жиците гребат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Гледаше како агентот се занишува, како паѓа и како уште долго гребе со ноктите по подот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ја газам оваа магла, оваа есенска што лази по грбот мој и `рбетот на градот и што навева студ и сивило во чекорот и што навева спомени на нешто зелено зелено Ја газам оваа сива улица што се проѕева со своите влажни штрбави вилици што гребат и што се бесат за првите пробудени звуци на утрото и што се јазат по кревките и високи скали на смевот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Му се чинеше дека страшните мечки гребат по вратата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Но во грлото гребеше, тераше да стане. Тој посилно се затетерај.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мислата... Мислата... Таа му гребеше во душата. Таа го мачеше. Мислата... Не можеше да ја совлада... И бегањето, и пиењето - сѐ беше попусто...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сув каменов прав навлегува во дробовите и го гребе грлото.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Земјата се сурива, калливите прсти ја гребат, торбичките се полнат и ортомата е пак нишка, оптегната меѓу нив и онаа бела виделина на излезот што единствено потсетува на животот и неговиот ден.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Другите ја прифаќаа како силен одглас што ги гребеше ушите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во здивот гребеше остинат чад од цигари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Продолжуваше да останува на своето место, гребејќи за тоа остануваше сила и од своите дланки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кон крајот на романот, ќе биде регистриран еден детаљ, којшто можеби немал такви претензии, но ќе ги надвјаса највисоките човекови доблести и тоа во едни времиња и простори преполни со црнила: „Шишман, седнат над еден камен покрај својот братучед Србо, а некаде меѓу езерото и Пелистер, ја извади матарката од појасот и со ножот почнува да гребе по задлабената страна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пред огнот, кој во оваа свежа летна ноќ зрачеше топлина, наредени околу софрата, не да го вечераа туку го кркаа, се натпреваруваа, го гребеа качамакот и планинците и луѓето од градот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Шишман ја извади матарката од појасот и со ножот почна да гребе по вдлабнатата страна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
15. МУ СЕ ЗДАЛО НА ПРАСЕТО ДА ПОГЛЕДНЕ В НЕБЕ - тоа в корито, божем в колевка, на грб штом го свртат со врела вода поливајќи го за полесно да се гребе белата кожа каде што скарата шарата ќе си ја црта...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
кога ќе испуштаат душа - кожата им продолжува и понатаму да им поигрува, да се тресе, како под неа да јураат ситни бубачиња со голема брзина; другите ајвани, пак, коњите, магарињата, маските, ждребињата: пред да паднат, да се стропачат на земјата, се тетерават à наваму à натаму како пијани, како бунило или треска да ги зафатило: одат па се повраќаат, тргнуваат кон една страна, кон друга, се завртуваат во круг, и како пред нив да се отвора голема бездна, ги опнуваат нозете во земјата, се потргнуваат газум-газум и паѓаат; кога ќе треснат на земјата, продолжуваат со главата да мавтаат на сите страни како да сакаат да скинат некој невидлив оглав со кој се врзани, и удираат со предните нозе, гребат по земјата и, чиниш, си копаат гроб или кинат нешто што ги сопина; испуштаат душа со подзината уста, со искривена муцка, со пуштен јазик, со очи смигнати или отворени и рогливо извртени; над нив се собираат сите птици, сите кучиња од селото; дрпаат и завиваат; луѓето ги слушаат, се ежават и ги колнат: главата да си ја изедете!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се фатив за некој исушен корен и притаено гледав тие црни сеништа стапка по стапка како ми се приближуваат вртејќи се околу себе, скокајќи кон ѕвездите, гребејќи и нуркајќи в земи, сѐ дури одново тоа грозно завивање не ми го скрши сонот и ме разбуди со меч со кој на крајот замавнав и на себеси За да се најдам скаменет во прекрасна болка - Скршен меѓу усамата и раната.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А тие пиштат, касаат, гребат со ноктите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние грабаме, се туркаме и грабаме. Црпиме, го гребиме тенеќето, го бришеме со прсти катранот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој лежи, а до него кучето, Чако, квичи, завива, гребе со ноктите, копа земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе