гробишта само мн.

гробишта (само мн.)

Роден во планинско место каде што живее племе Од смртници смешни: веруваат в Алах и Христа, мешано празници слават; и оџа, и поп на гробиштата заедно исти обреди свештени прават.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Али нему ја не можех душа да му дадам, станах, каних два-три попа, збраха сја роднини, дојдоха и познајници, врстници- момчета, кренаха го на носила, носат го на рамо; и на гробиштата тамо поп молитва пеја, па го од носила зеха, пуштиха го в гробот...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Ќешке со пушка да бев убиен, мајче, и тамо да бев умрен, во нашите гробишта да бев закопан, за ти, мајко да ми идеш на гробот да ми палиш свеќа и да ми раздаваш задужбина!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Подобро жива да ти се нарадувам. Инаку на гробишта двајцата ќе нѐ каниш...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ТЕОДОС: Сотони, сотони, поарно в ковчег на гробишта да ме однесете!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А таде - в гори зелени в сума гробишта лежеа делии - одбор јунаци за татковина паднати.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
- ... Еднаш јавам јас на коњ, кога кај едни гробишта ми излегува оџа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го пронајдоа попладне, близу до гробиштата, искршен и празен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Нашата печалба некако стасуваше да се преранат браќата; продававме лилјаци уловени со мрежа в дувло, носевме крст на покопите, некои крадеа, некои веќе питаа по гробиштата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Еднаш му ја искинала гуната на поп Трајка кога се враќал од гробишта дома, другпат го укасала Црневото дете, трет — ја исплашила Улевата невеста и; сиромашката, си фрлила машко дете од шест месеци; та дури и панталоните на ќатипот му ги „закрпила" кога врвеле со Колобана крај Сукаловата мала врата да се прошетаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овде во близината на гробиштата живее Август Рицман, пропаднатиот кловн. Кај него ќе појдам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа притаено праша веднејќи се и претчувствувајќи - жените се враќаа од гробишта: „Пари?“ Со надеж погледнаа во него.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Седеа под сенка на ѕидините од еврејските гробишта и го слушаа далечното бревтање на сонливите возови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но, никој не успеваше да заспие, зашто секого од тие изморени ѕидари и во сонот го настигнуваше она, што се случуваше на старите гробишта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, не можеше никако да се бркне во главата за да се дофати од таму и да се отстрани тоа, што го остави оној одамнешен снежен ден на гробиштата. Вистина. ...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа го мина битолскиот парк и влезе во буковските гробишта, кои се наоѓаа надвор од градот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Дедо Димо го јавна коњот и замина в село да го испрати својот пријател, својот драг планински сосед, до неговата вечна куќа, на малите, мирни гробишта над селото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дедот Коле пропука на казармата и гледајќи дека главната сила, што ја предводеа војводите откон гробиштата, се откажа од борбата, и тој како Толета се повлече и ги фати блиските чукари „Шупливец" да гледа што станува в село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дедот Коле ја зазеде јужната позиција, војводите се приближија до гробиштата од север, а Толе влезе со своите осум четници од западниот крај в село, не разделувајќи се со Мише Ќосото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе