дарежливост ж.

дарежливост (ж.)

Има и други одговори и на друго место ќе ги кажеме зашто сега нема време. бог живот многу црква човек дарежливост младост јазик отров грчката словенската буквите столпотворение науките Светото писмо 863 г.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Грбниците на ридиштата биле поделени со сончева дарежливост и со сини сенки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некој крај средниот оган споменал дека видовитиот Дмитар-Пејко, пред злата крв да му го покрие разумот, расправал долго и со благ занес во очите за благородноста на човекот, за дарежливоста на земјата, за силата на водата; секој збор на старецот бил светол и звучен, до проѕирност измиен со мудрост; прикаските имале подлабок корен и од самиот живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му зборува за ангели, за херувими, за светци, за дарежливоста и љубовта божја; му зборува за чудесиите небесни што око не ги видело, уво не ги чуло, умот не ги допрел; му зборува за да му се замили новиот живот, што го чека...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Недостасувало уште само да ѝ предочи па дури и да ѝ предложи еден вид договор или соработка во тоа вразумување на Генералот, бидејќи сепак е подобро тие двете разумно да ја поделат меѓу себе неговата љубов и да пронајдат начин како да ја спречат дарежливоста што Генералот ја растурал, како што рекла Рајна, на сите страни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но немав време за расфрлање со мојата дарежливост.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само понекогаш ме измачува прашањето како да постапувам кога желбите ќе ја надраснат дарежливоста на реалноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не се дотеруваше како другите негови домски другари - да спие со врзана коса, да црта ќумурни мустаќи, да пушта долги нокти на малиот прст - зашто однапред знаеше дека со ништо нема да го подобри својот физички изглед, за евентуално да го сврти вниманието на некоја од оние девојки што живееја како нив во државната установа на милосрдието и дарежливоста, само преку ѕид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И ова беше еден нов вид дарежливост во неговото искуство, едно губење на своето себе што значеше себедополнување, давање за да ти се врати, ако повеќе си дал, повеќе си добил.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ема беше сосема гола, оддавајќи впечаток на питомост и дарежливост, но во исто време, видена од мојата страна, држеше до својот пркос, подигната на високи штикли од кои израснуваа нејзините долги, необично раширени нозе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)