дивее несв.
дивеење ср.

дивее (несв.)

Кога дивеат луњите, воздивнуваат ветриштата и кога времето лудува, тоа за Марино значи дека станува збор за gemiti d’amore, moti amorosi (Љубовни воздишки, Љубовни ритмови).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ти безобзирна сило што дивееш во височините што врзуваш облаци и одврзуваш јазли Порасни!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Вака според мене изгледа рајот Јас сум голем мечтател и сонувач Будно сетам се ближиме кон крајот – но не мисли – остани додворувач Пред вечноста наша да стане пекол не стивнувај, беснеј, дивеј по веков Мојот Хемингвеј одлучно би рекол Бијте камбани в громогласен екот!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Уште како средношколец, дивеел по нашите улици со најновите автомобили, кои во тоа време, некаде 60-тите години, беа реткост во нашава државичка, па дијаната се сметаше за врвно достигнување во технолошките процеси.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ужива во она што го содзава и начинот на кој што живее, не остава лудоста во него да дивее.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)