запушти св.

запушти (св.)

А тогаш... ... Нивниот заеднички пат ги одвлече в село да видат неуредени куќи со црни стреи;запуштени и накривени ѕидишта; недоверливи ситнооки прозорци, - врз нив гнили штици, матни стакла, поцрнети стари календари; потоа: нечисти и нерамни сокаци низ кои се влечеа звуци и мириси, предчувствувани претстави за недогорени суви дрвја, кочини, мали деца, катран; расфрлани мртви предмети, ненужни и запуштени - накривени коли, одамна почнати, недоплетени огради, корита, алат; куп сонливи куќиња, кокошки, деца.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ненадејно, од недообјаснети причини, тој Мустафа - ефендија се пропил, најпрвин кришум а потоа без срам, се запуштил и се откажал од себеси, некогаш трепетлив од хипохондрија, подоцна вошлив чаршиски шут во стуткана и извалкана облека.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На крајот се запушти, ја остави математиката и живееше како дивјак, во нечистотија и осаменост, жалејќи се на незадоволеното самољубие.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Станот на Парсонсови беше поголем од Винстоновиот и беше запуштен на еден поинаков начин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повремено, можеби два пати неделно, одеше во една прашлива, од сите заборавена канцеларија со запуштен изглед во Министерството на вистината и завршуваше по малку работа, или барем она што се нарекуваше работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)