извалкан прид.

извалкан (прид.)

Се туркаат како овци в трло, се тријат од тебе како говеда од плот... извалкани, ќирливи, смрдливи...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Слатко говореше: - Подај ги извалканите дланки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Да, на камен се збуни Кузман, стана од земја и ги истресе сините ногавици извалкани од прав. - Таков е животот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Крсте подрипна и веднаш одговори потврдно и се загледа со ред во сите четници; во нивните бушави коси, небричени бради, извалкани алишта, а особено во нивните колани, фишеци, револвери и пушки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Навистина, не одеше само во алови кистови како Жиовката и Мита Доломарова, но затоа пак не можеше човек да ја види искината, закрпена или извалкана и исчурена, како што одеа Пиловите невести на кои преѓеска им се смееја со Митра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Павле и Иван притрчуваат горе, го стркалуваат на земјата и јадра, извалкана од земја дланка му паѓа на усните.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И тогаш учителот, налактен на извалканата маса, ќе започне за што и да било и за кого и да било, стариот слуша и божем случајно зборот ќе дојде и за Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сите ќе ме гледаат и ќе се чудат, зашто ниту еден лист не ќе биде стуткан или извалкан.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
А сега беше вовлечен во тоа и имаше чувство на извалкан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стоеше згрчен и извалкан од она во него. Тој секако дури сега сфаќаше сѐ што стори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Валкаше. Ги валкаше сите нив. Го валкаше него, Змејка, тој секогаш се чувствуваше извалкан од тоа, со она свое постојано чувство на свеченост, со кое што ги примаше сите новооткриени работи, со кое ценеше сè што ќе видеше првпат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во мене нема ниту еден извалкан лист, а сите линии и тркалца се испишани внимателно.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Така тој ја пропатува едната половина од овој широк свет – доволно му е кога е дете! – токму сакаше да појде и понатаму, туку шоферот го донесе дебелото црево и – почна да го мие извалканиот камион.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сака, ете, да си ја стави извалканата шепа врз секој негов најнов цртеж, за да изгледа како печат; сака да лизне од секоја чаша млеко што Зоки треба да ја испие – но кој му дава!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сиот беше извалкан, правлив, па излезе пред колибата и на наједноставен, и најпогоден начин, валкајќи се целиот низ снегот, си ја исчисти облеката од правот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Толе ги изгледа од пети до глава извалканите орачи, им ги виде испуканите усти од солта, пиперта и ветерот, им ги виде босите искрвавени нозе, голите изгорени раменици под искинатите кошули, козинавите црни градници и белите глави, полни со земја и му стана чудно од каде во тие робови насмевка?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Капата, бре пес! — го искара Крсте детето и ова го симна од главата својот извалкан фес и го прибра барутот и сачмите, а откако се истави од Шаќира, си ја нарами кремењарката, фати горе Жиовскиот дол, та си отиде дома, мислејќи во себе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Солзи течеа од избезумените очи на татко ми, го браздеа неговото извалкано лице.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Многу сум извалкан, кога ќе нѐ бањаат? - го праша еден ден Мацко мачорот, со кој се беше спријателил.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ги одврзуваат од сливите Ѓенески и ги водат така, избрндавени, извалкани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе