калајџија м.

калајџија (м.)

Пошаренолик пазар ретко може да се замисли: тезга со гингуви, ѕидишта со килими, потоа расфрлени комбинезони, потаму папагали, па папуџии, до нив калајџии и бакарџии...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По него трза калајџијата од Крушево што идеше да ни ги поднови тавите, тепсиите, ѓумовите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јон мој пее, а калајџијата свири по него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И само се меша: Смедерево, што кучиња лаат, затворено, лоши луѓе идат, а калајџијата со прачката само трза по тоа тељовите од виолината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од кожарско-ќурчиската чаршија, од Капан-ан до Туз пазар, туфекчиската чаршија од Мустафа-пашината џамија, дуќаните и работилниците со ножови, сабји и друго оружје, до платнарите, абаџиите, бојаџиите, казанџиите, сарачите, јорганџиите, калајџиите, терзиите и кафтанџиите, сѐ беше на нога и траскаше, чукаше, коваше, тропаше, викаше, довикуваше, и повикуваше, а дуќанџиите шеткаа пред своите мали царства, не сакајќи да мислат на големото што ги беше поклопило и кое им ја пиеше и потта, и душата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој сакаше да му предложи на Татко потрагата по заемките на занаетите и занаетчиите да ги побараат, такви какви што останале, во старата скопска чаршија до денешни дни: бакалите, берберите, бичкиите (ножарите), бозаџиите, бостанџиите, гајдаџиите, дограмаџиите, јорганџиите, казанџиите, калајџиите, касапите, кондураџиите, папуџиите, кујунџиите, терзиите, џамџиите и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)