комесар м.
комесаријат м.

комесар (м.)

Ако му се пожалиш на четничкиот војвода, тој веднаш за ножот - За тебе се бориме, твоја ракиичка пиеме - Ако појдеш до комесарот на другите, тој ја развлекува волчата челуст, сака да апе - Од пет ока јаболки не ќе се сотреш. Има манастирот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Готово ли е? - праша командантот на бригадата. - Готово! - одговори комесарот!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Главно, ја спаси главата. Можеби има предавство - продолжи комесарот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Комесарот го отвори писмото. Во него Тале пишуваше: „На Трајчета, сѐ што порачавте му дадов.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Споменува командири, комесари, борци, народ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
21. Еден ден дојде Василис Барџотис, политички комесар на главниот штаб на ДАГ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако појдеш до комесарот на другите, тој ја развлекува волчјата челуст, сака да апе - Од пет ока јаболка не ќе се сотреш. Има манастирот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Друже комесаре, му велам, јас имам нешто да се поплачам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Командантот Никодим и комесарот Мони, по сѐ слични на Онисифор Мечкојад и на Онисифор Проказник, едниот главурдест и со влакнести уши, другиот замислен и без насмевка на сувото лице, со сомничави очи зјапале во извезениот петокрак знак на попската камилавка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но досега не беше се соочил со ваков жесток отпор ниту во војната кога беше воен комесар, ниту во слободата како прв човек во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Уморниот полициски комесар Руслан Федари, инаку директор на „Филип Б“, беше презадоволен од финансиските ефекти на неговата фирма во последно време.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Потоа се пријавив кај комесарот и му кажав дека јас ја прекинав колоната, тој најде една олеснителна околност: Ти си добар борец, Милке, за тебе тоа не важи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Беше комесар на тешката чета.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога ме виде комесарот ме прекори: Што си дошла само ти, женско во бригадата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ама онаа, Љуба на Кошевецот, ја сосипа: „Немојте така, госпоѓо комесарке, оти овие што ве слушаат може и ќе ви поверуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Политичкиот комесар на Втората бригада истакнува дека ЕЛАС прави грешка поставувајќи грчки офицери да ги командуваат словенско-грчките единици што го прави неизвесен словенско-грчкиот отпор.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Комесарот бил во право кога зборувал дека полицијата е подготвена.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Откако кон средината на февруари во Пловдив добил виза од Турскиот комесар, преку Одрин безбедно пристигнал во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Многу милееше комесарот, некаде привечер, да седне на чардакот и да го разгледува новиот куп сечени аспри што му ги беа донеле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Занаетот што го наследи Марко им носеше доста корист како на градските турски првенци, така и нему, на комесарот, кому градот, иако беше под скопскиот санџак, му беше даден на управување со уште двеста негови луѓе, ама и под закуп за 70 товари аспри.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе