мете (несв.)

По малце време беа растанале сите од куќа и секој по нешто работа работел: мајка му фатила кравите да ги молзи, невестата му овците ошла да ги молзи, син му свињите и телците, прлињата ги испуштило за в говеда да одат, сестра му куќата фатила да ја мете и гнојот да го фрла.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Со метлата прават ѓубре, наместо да метат! (Од сламката од лутина, не може, и не сака да го види Томче, кој веќе стои близу до него уплашено и молбено свиткан и одвај се осмелува пак да го ослови.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Со газијарниче в рака, клисарот стрико Мијале, мало и бело старче, го метеше камениот под.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На влегување, сега без тропање, ја најде Неда сред куќи каде му мете на прасето и посегна да ја фати за образ, ама таа му ја турна раката настрана и му ја покажа големата врата откаде можеше секој минут да влезе мајка ѝ, и му рече само: — „Пст, мац! Не ваќај кај шо не си клала ота може да е жешко да се попариш!“ — И навистина старата влезе со заграб борина и едно столче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дел од кошулата расип — вода за растур раст — храст, ситна шума ресен — веленце со реси, тулбен, шамија со реси реченија — судбина решме — женски накит од многу срсбрени пари нашиени на подвески ромак — болно, обично криво животно кое дома се храни и пои ронкарка — метла со која се метат ронките 'рслан — лав 1) Во преносна см. син како лав рувет — носија рута — награда за трудот што го дава човек на човека, чорбаџија на момокот саватлија — прстен сребрен со монограм саѓиа — женска облека до над колена со кистови сајсана — добра кобила, атица сакма — машка долга облека, дебела место долго палто сак'н — немој сакуле — малечко торбиче светилник — железна направа со венец на која се клава боријата да свети сврчок — ѕадникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа по цел ден не седнува. Постојано нешто работи. Риба, мете, тресе, готви - што ги не!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Мислеше така, олеснет, метејќи ја собичката, откако го поштрка подот со малку водичка заради правот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа го метеше училишниот двор, зашто беше сиот прекриен со паднатите пожолтени лисја.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Тие ѝ донесуваат вода, ја метат куќата, перат, мијат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кучката се прилепи до земјата, па мавтајќи со опашката, како да мете зад себе, почна да лази кон децата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
32. ГЛАСОТ Е ПОБРЗ И ОД ВЕТЕР - не в пустина, а меѓу маж и жена, ветерот тука отпосле ја мете прашината гласот што ја кренал...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
4. СЕКОЈ ДА СИ МЕТЕ ПРЕД СВОЈАТА ПОРТА - но ѓубре да не расфрла по сиот град така како да е нов претставник на старата сорта општествено битие: правам сѐ што сакам...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Таков куршум ми се виде НАРОДНАТА ПОГОВОРКА тука, од светлината таа ни иде во црните мети да пука... секој камен на местото си тежи!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
БОРИС: Секој си мете пред својот праг. МАТЕЈ: Ти и пред мојот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЕВТО: Цел живот! Го метеше манастирот денес! РАЈНА: Го метев.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Се прпелкаат така жените, ја метат правта од земјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Видов една метла зад вратата и зедов да метам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зошто ти се момите? Да ми метат дворови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ме заборавија кога Илчо Просинек почна да раскажува како бил млад роб кај некој трговец Евреин во Солун, слугувал, продавал газија, сапун, сол, суви риби, зашеќерени бадеми и урми, ги миел во саботните попладниња тркалата на стопановиот пајтон, ги тимарел коњите, метел, окопувал јаболкници и лилјачиња, прередувал ќерамиди, хранел пци и мачки и чувал кадрави деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
* Се спуштаат низ улицата бронзена, како некоја кралска поворка составена само од кралеви. Кревајќи облак звуци нечуени, метејќи ја прашината мисловна.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Повеќе