млак прид.
млака ж.

млак (прид.)

А Фотина мртвиот в корито беше го клала; вода го потури млака што беше ја стоплила Неда, чекајќи пред малку жив да се искапи така.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Не одеше веќе за да ги прерипа куќите; нозете му се влечеа по калта, долгите раце млако му висеа дури до коленици.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го слушав шушкавото дишење на Кузман и ја чувствував в ноздри неговата млака пот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во првата јунска ноќ, млака, шумна и ѕвездена, се сретнав со Пенча.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не гледаше, знаеше дека војникот има млако исфрлена, скоро невидлива оцртана брада.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Без сомнение - тоа се солзи, кучешки, и сепак млаки како и неговите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога стариот Бен Џонсон од Оклахома се наведнал над неа, го видел својот сув лик во нејзиното млако око и заплакал.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се наведна, ја дигна покривката: од работ на нечистиот завој, месото на ранетата нога, долу беше натечено млако, темносино.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Кој тоа, зошто?“ Капетанот се обиде да биде строг но неговиот млак глас не достаса ни до поднаредникот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Кога јатото се изгуби зад редот на оревовите џиновски стебла, некаде кон сувиот поток, лисицата ги допре на земја цицките и сети болка од надојденото млеко; го подуши млакиот воздух и појде кон длабочината на шумата барајќи непроодни места за да го прикрие патот до своето легло.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дотраеноста на куќата како да му ја зголеми измореноста: точи во него млако, беспомошно сознание за една видлива, опиплива и убиствено присутна непостојаност.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Млаката вода не ја совладуваше жедта и бегаше низ кожата во небројани капки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа лежеше до него и со врв нокот чукаше по предните заби. „Беше мекуш“, млако одговараше. „Се враќаше доцна од конференции и легнуваше до мене како здробено пиле.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Што ти е. Оче Симеоне?“ го прашаа со млака тага во гласот. „Ништо“, им одговори зачуден од нивната тага. „Зошто?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се слуша само млако удирање на часовникот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа сепак беше друг свет и во него страдањето не е вака јасно и чувството за некоја одговорност и мачењето на некоја свест е само една млака потиснатост што дури и не постои.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нешто млако и угодливо проструи во држењето на Патрокле.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И полека копнееше во млако растопување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се проѕеваше, а по целото тело му мина еден бран млака сонливост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе