плагијат м.
плагијатор м.

плагијат (м.)

Друг таков не постои во Германија или, доколку се јави нешто слично, тогаш се вели дека тој е плагијат на келнскиот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, Ворхол им припаѓа на оние изразити експоненти на авторство чии следбеници секогаш ги демне опасноста од плагијат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Славој Жижек ТРИЕСЕТ И И ДЕВЕТТЕ СКАЛИЛА Бидејќи „39 скалила” бил снимен според познатиот роман на John Buchan, сценаристи­те под раководство на Хичкок неговата содржина толку успешно ја преправиле, што ликовите и доживувањата од Хичкоковата верзија станале такви, што во современата „популарна култура” го добиле така да се рече „архетипскиот”, митски статус и со тоа станале извор за непрегледното мноштво на варијации и плагијати; меѓутоа, самиот роман, ако денес го разгледуваме, делува наивно и застарено - нешто како груб материјал на кој што дури Хичкок му го дал дефинитивниот облик.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ревитализирањето на Nobel ја истакнува важната дистинкција помеѓу влијание и плагијат, и повторна изведба и оригиналност.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сѐ поблиско и поприфатливо ми е сознанието дека сѐ што не е традиција е една минливост и - плагијат.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сепак, текстот сакам да го завршам со апел до чинителите на театарскиот чин кај нас: Не ја прикривајте завидливоста, ниту пак потребата од плагијат, оти тие, неретко, раѓаат нови и вредни моменти во творештвото!
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не сакајќи да избегам од мојата опсесивна тема Театарот, ќе кажам дека во нашите театри завидливоста и појавата на плагијат, зборувам воопштено, скоро е незабележителна, то ест не дава никаков прилог кон сценското творештво.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Втората причина е: Завидливиот често создава плагијати, но тие, неретко, го водат кон автентичен израз.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Дури не е ни прост препис. Ни плагијат. Чиста слика на крвав режим.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)