полноќ (ж.)

И у полношт ја собудила царицата девојката и ѝ рекла: „Иди, Марие, напред, и ја по сахат после ќе дојдем по тебе.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
ФРОСА: Ама, вистина, што ќе беше бре, луѓе? Јас се разбудив околу полноќ и излегов надвор да видам кое време е, што ќе видиш: она небо ведро, месечина грее како ден, милина да ти е.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А јас, лудо, сум сиромав: Сам легнувам, сам станувам; На полноќ се разбудувам — Мало моме побарувам!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
В полноќ се над ним дрвјата од жалба силна свиваа - горските бистри езерца в силна светлина светеа.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Еден... два... три... четири... пет... шест... Шест часот! Аре, полноќ стана и уште ги нема!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Али видовте некој зорт и ајде по полноќ „кај вујка ми кир Ристаќија“!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Што е ова, што е ова, сестро, на полноќ правење беусур?!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Некаде околу полноќ преку мовчето крај тополите помина друга сенка и отаде низ бавчите накај колибата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Та по неа се управува и самиот наш дедо поп Трајко, кој ете, утре ќе стане кај полноќ, ќе излезе надвор и ќе ги фрли очите право кон Српјановец да види дали е излезена Деницата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога се врати назад кажа дека е преку полноќ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи чешмата тече по малку, а само една е во селото, затоа се собираат на неа уште од ручек да залеат за вечер, а од полноќ да залеат за ручек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Кој не ќе ти даде, само кажи ми го, - му порача Луман на станување кога некаде по полноќ тргна да си оди.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пред полноќ се решив да те побарам и да се стивнам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Бандата направи препад токму на полноќ, кога изморените сејмени, ги налегна дремка, та разбојниците иако беа бројно многу помалку од сејмените, успеаја да ги опљачкаат колите и да ги одведат сите дванаесет коњи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Липаа потајно сите, плакаа и околу полноќ испозаспаа врз подот како прасиња еднододруго.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- О, ти не спиеш! - се изненади Месечината кога ја догледа куклата со широко отворените сини очи. - Доцна е, полноќ ќе е скоро...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Истиот ден, околу два часот по полноќ, не можејќи од возбуда да склопи очи и да заспие, Панде го разбуди анџијата, кој ’ркаше како некој стар, со години неподмачкан чекрк, истркалан малу подалеку од него на сеното, под скалата, до вратата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Канделабрите се угаснаа. Полноќ. Миг кога нараснуваат желби, копнежи, мечти. Пак се запалија. Нова година!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Истиот час часовникот на Домот одброи три: три по полноќ...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Затоа околу полноќ појде кон далечната перифериска двокатница и виде дека облаците беа спуштени над неговото теме сосем ниско.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе