потенцијален прид.

потенцијален (прид.)

Во 1625-та година кралот Џемс I, долго време главен опонент на тутунот, откако ја увиде неговата потенцијална економска важност, ја прифати неговата широка употреба воведувајќи мерки во регуларната трговија со тутун, во корист на британските американски колонии.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Голем број од нив сметаат дека нивната работа е да лекуваат болни луѓе, така што не би биле спремни да препишуваат потенцијално опасни дроги дури ни на пациенти кои го сакаат тоа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Играта на зборови сама по себе претставува суптилен коментар за функциите на јазикот, каде распоредот на согласките ги сугерира бројните потенцијални значења, а во исто време ú се потсмева на конечната дефиниција.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Посебно е несериозно намалувањето на потенцијалните проблеми што би ги предизвикала легализацијата покрај преувеличувањето на потенцијалните предности.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Потенцијално, разрушувачките ефекти на критичката енергија лесно се инвестираат во средиштето на инсталираниот систем.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа значи дека мораат да се фокусираат на точно одредена група потрошувачи (или потенцијални потрошувачи) од која очекуваат најголем продажен ефект.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Многу млади се свесни за својата потенцијална политичка моќ и тоа и го искористуваат.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Погледнете го развојот на психијатријата. Тој се состои во дефинирањето на сѐ поголем број аспекти од секојдневниот живот како предмети на психијатријата сѐ додека секој аспект не стане потенцијален објект на психијатриски третман.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Меѓутоа, дури и кога се во прашање потенцијално шокантни, сензационални сижеа, Ворхол со разни постапки создава и одржува монотонија, најчесто со репетиција („Кога постојано одново гледате грозна слика, таа навистина нема никаков ефект“); потоа со дистанцирано, ладно бележење; со држење на средиштето на настанот вон објективот на камерата, т.е. со еден кастриран сензационализам (Blow job).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Слугата тежнее да биде психолог! Потенцијален јогиски мудрец!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таквите веднаш ги ставав на мојот список како потенцијална опасност за мојата безбедност. (Ова ви го кажувам зашто еднаш ми се случи токму таму, на последната постојка да ме потапка некој по рамо, се разбира да ме изненади и сосема да ме распамети.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Она што веќе го рековме, дека во „Две тишини“ никој ништо и никого не штеди и дека дури и потенцијалниот читател е наполно незаштитен од стихот, од поетот, но и од страдањето (на зборовите, буквите, вокалите,.. белинките) распламтено до усвит, во собата на вокалот Е продолжува да се пее до коска и подлабоко, дотаму до каде што критиката не може никогаш да втаса, а песната го развејува знамето на својата победа (или предавство, сеедно) и истекува во една од двете претстојни тишини, во онаа во која се испраќа и во онаа во која се заминува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А Боге, кому му окапе косата од окапување над книгите, уште гледаше во неа со љубопитство, но и со професионална деформација како во потенцијален пациент.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ќе ти ги претаставам нештата, менувајќи ја твојата суштинска мисла, твојата перцепција за животниот тек – објаснуваше старецот. – Во жената што ја љуби човекот, потсвесно, гледа потенцијален носител на неговото поколение.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Беше примен и од тогашниот претседател на Рерублика Македонија, Киро Глигоров, од ресорните министри, посети неколку потенцијални фармери, предели во Македонија каде што сметаше дека ќе има најдобри услови за новата козја револуција во земјата на некогашната бела контрареволуција на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се врати Андре Декостер во Париз, презадоволен од високиот прием, никогаш не бил примен од претседател на република, макар што во педесетина земји ја пренесувал козјата технологија, но остануваше резервиран од капацитетот на надлежните и потенцијалните козоодгледувачи да ја разберат модерната технологија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Опавчето му е исправено како стрелка на метроном која го менува темпото од адаџо во алегро кога ќе му се приближи на потенцијалниот сопственик.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Пред секој негов самоуверен чекор гледаш потенцијална дупка спремна да го проголта.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тоа ќе создаде гротескни ситуации, кога неговите потенцијални наследници ќе учествуваат во невидени сцени на еден театар на апсурдот во играта со немоќниот владетел!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со едно чувство на „језа” го фаќам предметот, зашто сигурно немаше да се шетам со предметот во ногавицата и да ги привлекувам сите љубопитни погледи врз себе, кои беа потенцијално урокливи.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Повеќе