прекриен прид.
прекрие св.

прекриен (прид.)

Другпат сонува: фатиле големи студови; дрво и камен пука; да плукнеш, плунката ќе ти остане замрната на устата; силен ветер крева бранови од езерото и ја опсипува куќата, но брановите како што удираат на куќата, така се замрзнуваат; куќата се обложува од сите страни со мраз што свети како стакло и таа заличува како куќа од сказните; но кога почнува да ѝ студи во одајата, таа стрчнува да оди во тремот да земе дрва, но вратата е прекриена со мраз; кај има излез, кај има излез, господе, си вели и се тресе од студ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И конечно, еве ја на софрата, прекриена со најлон и шарено килимче.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Велат, тука работеле луѓе. Јас не гледам никого. Скршените стакла на вратите се прекриени со стари весници.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Танјуговата“ фотографија: телото на носила, прекриено со бел чаршаф и нагаравените лица на присутните, со забележлив сладострастен навев, како да не се работи за преживеани, туку за компанија оџачари.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога го здогледа Хернандо, прастариот Форд прекриен со стврдната кал и ‘рѓа запре, а ладилникот бесно му клокотеше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Даските ги земаа три куќи подолу, кај Жмуркови - дебели, прекриени со лак.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
По една лепеза од зелени рскавици прекриени со шупливи, накострешени влакна, преку која Рептилите ја земаат таа течност, им стрчи зад секое уво. 18 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Овде стоеја кревети, прекриени со влакнести како кучешкото крзно, ќебиња, од чија што една страна фабрички беше исткаен зборот „Нозе“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Гледаме „тројца писари, а сите тројца заедно имаат две раце“, гледаме накази и чудесија, момче „прекриено со пот од бела крв“, застрашувачки суштества од морските длабочини и небески височини, цела една низа на „фасцинирачки пореметувања“. Arcimboldo inverno 232 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Собата беше заштитена од пожар; железните ѕидови беа прекриени со пликови и дупки - месечеви кратери.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Летното сонце уште печеше така што плажите беа прекриени со капачи кои гласно и весело вреваа, прскаа и се плискаа во водата или се сончаа мрзоволно испоналегнати по песочниот брег.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Четвороаголното претсобје беше наместено како дневна соба, со кауч, две фотељи, изразито гломазни и четворна, сниска, прилично просторна маса прекриена со наштиркано бело милје и една голема зелена стаклена чинија полна со домашни ситници за да ѝ бидат при рака на домаќинката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сред собата имаше самоделски шпорет, в лево маса со по една дрвена клупа од двете страни, а зад вратата кревет прекриен со ложник.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бошко заедно со Калија одеше на чомлек пазар по урда, и на балук пазар по сушена риба, се туркаше и во врвулицата пред фурна каде што целото маало носеше разни јадења за печење, од лебови до тави гурабии и татлии, ама заедно со чиракот од дуќанот на Марко, им носеше јадење и на Марко, и на самарџијата Димо, бидејќи мајка ѝ на Калија, како и свекрва ѝ, беа дамна починати, а таа прекриена чинија со цедило везден му ја грабаше на чиракот, и самиот, напрегнат, ја носеше истурена напред, како да носи цел товар леб и сирење, грав или јанија со јунешко која не смее да се плисне или, чувај боже, да се истури.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Вие почитувана Лејбовиц, во миризбите, етеричните и маслинови масла, кои ми ги испративте во шишенца, и потоа свенатите цутови на лавандата и други провансалски цвеќиња, ми испративте и неколку слики, со пригодни цртежи на полињата прекриени со разбранетите цветови како подвижен тепих.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пациентите на лекарот мораа да се стуткаат додека минуваа низ тесниот премин кон аголот каде што се наоѓаше неговата маса, а до неа и сплесканата софа за преглед прекриена со кожа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со завршен поголем дел од работата во денот, тој, во кутијата со ручек, внесува здрав апетит и чувство на задоволство поради работата што ја завршил, и тој не би го заменил овој ручек во кутијата, што му го спакувала неговата сопруга, со оброк сервиран во ресторан на маса прекриена со бел чаршав.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во собата во која ме внесоа имаше една самоделска маса прекриена со плетен шамак и две долги клупи од страните на кои седеа петмина мажи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе