прифатилиште ср.

прифатилиште (ср.)

Сиот град е во хотели, прифатилишта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По три дена стасавме во Кујбишев, во првото прифатилиште.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тајшед беше последно прифатилиште за сите логори понатаму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден ден во дворот на прифатилиштето влезе камион и од него растоварија цел куп воени блузи. На сите ни поделија по една.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Живееше со брат ми Вангел во градот Мишколц, во прифатилиште со други жени.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Понатаму патот водеше кон прифатилишта каде што беа подложени на бирократските процедури на власта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)