пријателство ср.

пријателство (ср.)

При надворешното пријателство на Русија, тие не можеа да се примират со мислата зошто руските конзули во Македонија да ја подржуваат српската пропаганда таму.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Искрено: на Пенча и јас му завидував и никако не можев да разберам од каде доаѓа тоа пријателство.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Белким ова старо познанство и пријателство ќе донесе некоја корист во селото" — А бре Калешко, Шише, Главче, Мисирли, Лесна, коџобаши, абре, не дошол јас овде да печалам пари како Масарбег, Вртановци, Крепчевци, бре!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Фатил пријателство со мулазимот од кашлата, со ќатипот од конакот, та дури и со стариот Мудур Арслан — беј; и зошто овие ќе го искористат овој млад човек ако не за кодошлак кај мариовките?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Луман замина нагоре спокоен и сега веќе сосем уверен во пријателството на Бошка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога ќе легнете крај мене вие ќе имате стрпливост да чуете сѐ што сте ѝ повериле на мојата невиност, А до тогај нека ве хранат дневниците од нашето продадено пријателство.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
До честа и до пријателството... А колку за пари?... Еве, нема да остане поназад од нив...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Размислувајќи ја согледуваше вистината: можеше со грстови да расфрлува околу себе туѓи пари, да пие и да крши купувајќи и музика и лажно пријателство по крчмите и пак да остане со темно и врело чело - болен заради болеста на брата си и смешно несреќен без Јана.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Фатив пријателство со еден италијански војник. Се вика Федерико.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кучето тихо цимолеше, со поглед вперен во очите на момчето, поглед што значеше бескрајна приврзаност, безмерно пријателство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ех, колку, колку убаво би му било на Бојан да си поигра со срната, да ѝ шепоти, да ја гали, да го освојува нејзиното пријателство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Стрела со него веќе го покажува пријателството кон тебе. Погледни како го мрда.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Така се викаше русата мрежичанка, на која Толе ѝ го предложи своето пријателство.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Нема драскале, нема. Нема пријателство кога сакаш ти да вјавнеш мене. Секој вардит својот грб.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ЈАКОВ: Господине претседателе на литературен кружок, фабрикант на сапун, потпретседател на општина, секретар на друштво за француско славјанско пријателство, почесен член на друштвото за филателисти, откаде во вашата зрела фаза толку омраза за еден луд дилетант?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Отпрвин малку нељубезно го прифати нашето запознавање но тоа набргу прерасна во попатно мало пријателство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пријателката ѝ одговорила со повишен глас: - А што мислиш ти, дали ти, госпоѓо моја, нема да плачеш ако ти умре твојата ќерка!? И пријателството од тој ден меѓу нив престанало.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако Дунав ја дели Романија од Бугарија, тогаш мостот ги сврзува обете земји, па со право го носи името „Мост на пријателството“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И траело тоа пријателство, и сѐ било добро, се помагале, се почитувале сѐ до тој ден, кога човекот не ѝ забележал на мечката дека ѝ смрди здивот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тука беа и пријателството и љубовта и, другарството, и погледот на пријателот и смеата, неговата смеа, желбите и вербата во Големата вода, вистината за Сентерлевиот рид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Повеќе